Програма за вежбање (ако ви е до тоа)

Прво: не ве тераме да вежбате, ако вие е таман, продолжете со тоа што правите. Второ: не сме експерти на темава, немаме сертификат, немаме завршено никаков курс, само ни се виде логично. Трето: ова нема да ви го намали времето за трчање на 3,2 километри од 14 на 13 минути, ова е за луѓе што не мрдаат од дома, а мислат дека е многу комплицирано да се почне со вежбање.

1. Најди простор (надвор / внатре) каде што можеш да истрчаш 100 метри.

2. Прва рунда - Истрчај ги 100-те метри како да те бркаат илјада гладни мечки.

3. На крајот од 100-те метри направи 1 склек, 1 стомачен, 1 исправување (burpee), 1 скок (star jump), 1 чучнување.

4. Трчај назад до стартот, немој да ги заборавиш мечките.

5. На стартот повторно 1 склек, 1 стомачен, 1 исправување (burpee), 1 скок (star jump), 1 чучнување.

6. Втора рунда - трчање од старт до финиш, 100 метри, 1000 гладни мечки.

7. На финишот ги правиш истите вежби, ама овој пат по 2 повторувања од секоја.

8. Трчаш накај старт. Мечки.

9. По две повторувања од секое.

10. Трета рунда... Вака зголемуваш се додека не стигнеш до 20 повторувања во серија, на еден тренинг.

 

Тотал од еден тренинг (ако си трчал на патека од 100 метри):

- истрчани 4 километри

- направени 420 повторувања од секоја вежба.

На крајот од летото (3 месеци) без проблеми би требало да можеш да го комплетираш тренингот.

 

8 јуни 2012 - 17:09