А. LED (опционален)
Кога цигарата е активна, свети нејзиниот долен дел, налик на жар од тутун.
В. Сензор
Некои верзии имаат сензор за притисок кој следи кога ќе повлечете, ова му е знак да ја вклучи батеријата, која го стартува грејачот. Има и е-цигари кои се палат и гасат на копче.
C. Батерија
Тенка литиумска батерија која најчесто дозволува полнење. Просечната електронска цигара има околу 300 дима со едно полнење.
D. Грејач
Обично е направен од метал или керамика, низ него минува струја од батеријата која создава топлина. Кога тој ќе постигне температура од 65,5 степени Целзиусови, почнува да испарува по 0,005 милилитри од никотинската течност во пареата што ја вдишувате. Секое повлекување има отприлика 90% од никотинот што го има во дим од цигара со тутун.
Е. Никотинска течност
Течност направена од пропилен гликол, растителен глицерин, (или мешавина од двете), содржи околу 1 процент никотин и вкусови како ментол, овошје или тутун.
F. Муштикла
Флексибилен врв, може да биде метален, пластичен или од силикон (последниов за да даде чувство на вистинска цигара).