Ајнштајн своевремено предупреди: "Ако планетата ги изгуби пчелите, луѓето ќе изумрат во следните 4 години". А натаму оди работата, главно заради уништувачкиот ефект на паразитот Вароа против кој човекот досега неуспешно проба разни хемикалии и киселини. Но, се чини, сме му доакале на гадот, на прилично чист и елегантен начин: да му направиме потопло отколку што му е ќеиф.