Во 1990 година, еден 23 годишен музичар со име Курт Кобејн се забавља со Тоби Веил, бубњарка во женскиот панк-рок бенд Бикини Кил. Горенаведениот се спријателува и со вокалот на групата, Кетлин Хана.
Една вечер Курт и Кетлин се запиваат дома, стегаат шише канадско виски и излегуваат надвор, малку да го вандализираат градот со богохулни графити.
Се враќаат во апартманот за да се допијат. Курт се одзема и заспива, а Кетлин машки се допива, со потреба да пише уште некој графит. Кога се разбудил, видел дека пред да замине, таа на ѕид му напишала порака.
Дека мириса на Тин Спирит.
Мамурен, ама задоволен од тоа што оставил впечаток на радикален револуционер, панкер во душа, анти-тоталитарен, анти -капиталистички крстоносец, Кобејн седнува на гитара и ја создава иконичната „Smells Like Teen Spirit“.
А Кетлин Хана сакала да му каже дека мириса на „Тин Спирит“, парфемот кој го користи неговата девојка Тоби Веил.
Во едно подоцнежно интервју, Кобејн признава дека вистината ја дознава дури 6 месеци откако песната била издадена. Во меѓувреме, продажбата на парфемот ги срушила сите свои рекорди.
„Наравоучение можеби? Капитализмот е многу отпорна работа,“ вели нараторот во анимираната анегдота.
Наратор е никој друг туку чуварот на големото азно на американската традиционална музика, господин господин Т. Боун Барнет.