Кит Ричардс во изолација

Добро, не целиот Кит Ричардс туку неговата гитара. И не секоја гитара туку онаа во „Gimme Shelter“. А тоа не е некоја од неговите омилени Телекастер, Лес Пол или Епифон туку некоја мистериозна Матон EG240 Суприм за која Ричардс денес памти дека некој во брзање ја оставил кај него, ама има заборавено кој.

*************

Кога Кит Ричардс и коронавирусот ќе се најдат блиску еден до друг, оној кој моли бога да биде изолиран не е гитаристот на Стонси.

20 мај 2020 - 11:37