Како да се извадиш од "погрешна' песна

Овој апокалиптичен израз на лицето во кој се меша шок, паника, очај, изгубеност и желба да се пропадне во земја ѝ припаѓа на португалската пијанистка Мариа Жоао Пиреш, во моментот кога сфаќа дека оркестарот почнува да свири друго дело а не она кое таа го спремала. Ноќна мора! Сè е фатено на видео снимка, брилијантно парче реална драма кое - пази спојлер - завршува со хепиенд.

Дневен концерт во една од најдобрите концертни сали на светот. Пијано солистката е подготвена да го свири Моцарт но не Пијано концертот број 20 во Д-мол! А оркестарот токму тоа почнува да го свири.

Таа и диригентот:

- Не го спремав ова!

- Го свиреше минатата сезона, го знаеш...

Гледајте:

30 октомври 2013 - 11:24