Изморена авангарда
(рецитирање прво)
Ристо Солунчев:
А бе пичка ви матер, за атер вам ви давам
Ајде лајте па дајте бе гнила мртва правда.
Фингираш крај сјај, Истокот се западнира, протестира,
А криеш само: Слобода е илузија!
Самоил Петрески:
И твојта онтологија е празна
Има само страв од исламот а сосем друг е газда.
На смртта, на крв што ѕрѕа, на умот врзан,
Седи момче мирно бе, ќе свршат брзо.
Виктор Георгиев:
Не сум бил славен како Ниче,
Ниту тип топ билдер, но со пиче,
Каков виц е тоа, ќе те прашам -- кое лице,
Го вадиш за да останеш ти цел.
Ристо Солунчев:
И не сум Хезболах но бомба фрлам, ве мрдам, се срдам
Чернеам и пак ве грдам со збор, ох ...
Денес е секој сноб нов, во време на мртов Бог
Од Адам до последниот гроб, роб или што?
Рефрен: Стој! Еден род, една лага! Изморена авангарда!
(рецитирање второ)
Самоил Петрески:
Ѕвер ко Бербер оти не сум ти јас дундe
Третиот свет ама не сум "Кинтa Кунтe".
И немој да ме дупиш со зубишта село Рупишта
Со буби-шуби купишта бабишта бубашвабишта.
И фуфи цуцли дудлања, француски пудлања
Од мојот народ гњавиш-правиш: квантум на курвања!
Па каж' му збогум обу копита ти
Се изедначи со стока неразумна уподобисја им.
Виктор Георгиев:
Гром ко гром, ќе те згроми нон-стоп,
Без збор, нели, просто -- моќно.
Дали трибина, во ова време ноќно,
Сакаш да држиш, но не ќе ти е згодно.
Зашто можда ќе си речеш -- кој кур ми е!
И по некогаш ни јас не сум со сите.
А ти слушни се и препушти се',
Зашто тоа што го збориш има пораз за цел!
Рефрен: Стој! Еден род, една лага! Изморена авангарда!
(рецитирање трето)
Ристо Солунчев:
А јас Ристо исто како Шишков Ристо
Велам Македонци? Нема бе! Мифко!Тивко!
Имаш посебен дар, паразит во тебе многу стар
Види дал е србин ил булгар само.
Околината немерлива а се друго
лeплива ебате лигава материја.
И што на крај? Па, дал сме тажна песна на гавран?
Дал сме само и ние една изморена авангарда?!
Виктор Георгиев:
Сите верни и добри, за ова не ти се згодни.
Како Компир ти згроми ги, но не си запишал,
Ниту си потпишал, велат- си напишал,
Фаќај магла бркај патишта
Сендвич со прашина -- мени од градина,
Во твојата невладина - за тие без мадиња.
Самоил Петрески:
Ни влегле НАС-а, ни вадат маста и:
Чинам како тоа не сум јас:Сашка Петковска.
Рефрен: Стој! Еден род, една лага! Изморена авангарда!
********************************
Chista Okolina:
Risto Solunchev - vocal, programming
Viktor Georgiev - vocal
Samoil Petreski - vocal
Jane Josifovski - scratch, backing vocals
Goce Stefkovski - drums, percussions
Sead Hadzic -- Secko - guitars
Gjole Maksimovski - bass guitar
Izmorena avangarda - written, arranged and performed by Chista Okolina. Recorded and mixed at Marryphat studio -- Skopje, by Ivica Jankulovski
Produced by Ivica Jankulovski and Chista Okolina