Таг: жозе мурињо

Жозе зошто те нема во книгата на Венгер?

Време е да се вратиме кај Специјалниот после она епско мерење на пречката на Градски и да чуеме што има да одговори на новинарско прашање, зошто го немало во биографијата на легендарниот тренер на Арсенал со кој биеа многу битки на островот.

Мурињо: Ѓоковиќ тоа го прави секој ден, ние ретко

Начека Жозе „крв и месо“ па го удри Манчестер Јунајтед до крај. На семафорот на „Олд Трафорд“ синоќа околу 19:30 часот стоеше резултат 1-6, исход каков што тој стадион скоро никогаш во историјата да не видел. Коментаторот на Спортклуб го прашува Мурињо после мечот, што е со оваа победа во стил на Ѓоковиќ со 6:1 во тениски сет.

За што се скачнаа Лампард и Мурињо?

Тотенхем и Челси одиграа интересен меч во Лига Купот каде Спарси со мешан состав успеаа да го исфрлат Лампард на пенали од натпреварувањето, а Мурињо успеа да се закачне и со тренерот на Челси, некогашниот негов главен адут на теренот.

Даер отиде во тоалет на сред меч, Мурињо го враќаше

И покрај тоа што Мурињо се жалеше на густиот распоред и реши против Челси во Лига Купот да одмора неколку првотимци, на крај Спарс по регуларниот дел кој заврши 1:1, победија на пенали 5:4. Интересен момент беше кога Ерик Даер на сред меч истрча во тоалет под трибините а Мурињо по него.

Демант за Мурињо, голот не бил понизок

АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор кое стопанисува со националната арена се произнесе за тврдењата на Жозе Мурињо. Тврдат дека голот бил со регуларни димензии. Е ајде де сега.

Мурињо приметил дека едниот гол на „Градски“ бил понизок од другиот

Португалецот направи ново шоу синоќа пред мечот Шкендија - Тотенхем, откако со резервниот голман Уго Лорис на загревањето заедно забележале дека едниот гол е понизок од другиот.

Што му подари Игор на Жозе Мурињо?

Откако претходно исконтактирал со луѓето задолжени за односи со јавност во гигантот Тотенхем, Игор добил дозвола да влезе во хотелот „Хилтон“, да поразговара со Мурињо, да се фотографираат и да му даде пар подароци во знак на благодарност.

Ветено сторено, Мурињо и Игор се сретнаа во Скопје

Македонскиот новинар Игор Александровиќ од ТВ Сонце имаше молба од славниот стратег. Овој ја прифати и уште истиот ден ја реализираше, господски потег за кој пишуваат еден куп светски медиуми.

Жозе људина со македонски новинар

Откако заврши Зум конференцијата на тренерот на Тотенхем, во пресрет на мечот со Шкендија во квалификациите за Лига Европа, нашиот колега Игор Александровиќ го замоли админстраторот да постави пар прашања. Мурињо културно се врати, сочека и одговори.

Коментар на годината по повод изјавата на Мурињо за Македонија

Тотенхем помина тешко на гостувањето во Бугарија и со пресврт речиси на крајот од мечот го совлада Локомотив од Пловдив. Во четврток доаѓаат во Скопје и ќе играат против Шкендија во 3. квалификациско коло од ЛЕ. Жозе, ќе се стрпиш друже за еден ден, тоа е.

Жозе Мурињо со 100 победи во еврокуповите ќе игра против Шкендија

Тотенхем ги почна квалификациите во Лига Европа од 2. коло. Првиот противник Локомотив Пловдив се покажа како многу тврд орев, па Спарс едвај се спасија од историска бламажа.

Какви се расправиите во соблекувална кај Мурињо?

Документарниот серијал All or Nothing на Амазон за Тотенхем прикажува интересни епизоди од внатре во клубот, во просториите, канцелариите, соблекувалната. Жозе после поразот во првото коло од Премиер лигата со Евертон кажа како му е мило што конечно завршило снимањето во соблекувална и ќе може на раат да си бркаат работа. На ова видео се гледа расправија меѓу Деле Али и Ерик Диер.

Мурињо со фак оф за новинар кој вика дека неговото време поминало

Во сјајната документарка од Амазон за Тотенхем 'All or Nothing', Жозе Мурињо седи во својата канцеларија и слуша на телевизија како коментар збори дека времето на Жозе поминало. Португалецот ладнокрвно го исклучува.

Што не сме знаеле за играчката кариера на Жозе Мурињо како млад

Жозе имал сенс за топка. Не бил дунстер. Иако главен тренер едно време му бил татко му, Мурињо никогаш не ја користел таа положба и бил крајно љубезен со сите други фудбалери, а на постарите им ги чистел копачките.

Ќе ве чека Мурињо вас слушалките да ги наместите

Тотенхем продолжи со мизерни резултати кои го спуштија дури на 9-то место и скоро никакви шанси за пласман во еврокуповите. Мурињо е фрустриран па не може да трпи ни проблеми од техничка природа за време на онлајн прес-конференција.

Кога сака Мурињо знае да биде голем џентлмен

Шефилд Јунајтед синоќа го изненади Тотенхем со 3:1, Мурињо беше бесен на судиите поради поништен гол на Хари Кејн, но сепак се врати на терен и му го прекина интервјуто на колегата Крис Вилдер за да му честита. Овој прво се збуни, а потоа потегот му го нарече класа.

Падна компромис - Премиер лига се враќа на 17-ти јуни

Англиската Премиер лига се враќа и тоа во среда на 17. јуни кога ќе се одиграат два одложени меча од 28. коло.

Кога Мурињо џабе на полувреме му трубел 14 минути на Марио

Една од најјаките анегдоти раскажана од страна на Мурињо пред камера ни е оваа од времето кога му бил тренер на Балотели во Интер. Имале гостување во ЛШ, а Жозе имал проблеми за да го скрои нападот, ама џабе бе, не созреа и не созреа.

Мурињо разнесува спанаќ и пржи кајгана за цимерите

Сигурно веќе сте виделе како Жозе разнесува овошје и зеленчук во народните кујни наменети за најзагрозените. Мурињо раскажа за Sky Sports како живее во карантин.

Не му верувај на Мурињо ни кога подароци носи

Португалскиот тренер призна дека згрешил откако се најде на удар на англиската јавност поради тоа што е виден во еден локален парк како тренира со Тангуи Н'Домбеле, негов играч од Тотенхем.

Како Мурињо почна да држи тренинзи?

Ако чекаат да се смири срањево и за тоа време гледаат како играчите ја држат формата со жонглирање на тоалетна хартија, мускули ќе им омекнат, а не па кондиција да имаат, така што време е за сериозни тренинг сесии за кој се одлучија барем во Тотенхем.

Види го ти Жозе

Каде е и што прави Мурињо? Остана на островот и во ова невреме се вклучи во хуманитарна акција. Стратегот на Тотенхем донира храна и лекови за постарите кои се ризични да излегуваат и да се мешаат. И тоа кај Енфилд. Браво бе царе.

Како се поздравува Мурињо поради короната

Корона вирусот пристигна и во Велика Британија и од тие причини во Премиер лигата е донесена и првата мерка за превенција. За почеток забранија ракување за кое спрдња направи се знае кој.

Кога на Мурињо ќе му кажеш дека тимот му бил лош

Он знае како со новинарите, ама зарем новинарите после толку години не научија како со него? Треба да се биде директен да, ама со Жозе не до толку.