Тотенхем има нов спонзор, а тоа е компанијата Дулукс која произведува и продава бои, ама новинарот го испобуни Мурињо со прашањето. Прво му рече дека знае дека сака многу кучиња, а потоа го праша што мисли за новиот спонзор на чие лого има куче.
Десниот бек на македонската фудбалска репрезентација по долго време поминато во Спортинг Лисабон, одлично зборува португалски јазик. Тоа го искористил при запознавањето и мубаетот со Жозе Мурињо по историскиот триумф на Динамо Загреб над Тотенхем. Добил и подарок со автограм.
Каков мангуп и господин човек е Жозе. Тој веројатно беше убеден дека вечерва ќе им честита на своите играчи пласман во четвртфинале во Лига Европа, ама се случи пресврт и тоа им го направи на Рики, Адеми и останатите херои на Динамо кои го елиминираа англискиот гигант. Друг не го прави ова.
Хрватскиот фудбалски хегемон Динамо Загреб отсекогаш имал добри голмани, ама скоро никој не оставил толку длабок траг како 25-годишниот репрезентативец Ливаковиќ.
Скока, вика, советува, мирува, сè ќе видиме од него, а најјак беше кога го гаѓаше со хартивчиња еден од колегите во четврто одделение. И потоа го вади тоа осмехот.
Спектакуларен натпревар синоќа одиграа „тофис“ и спарс во осминафинале на англискиот ФА Куп. После цели 2 часа фудбал со продолженија, Евертон победи 5-4, тимот на Мурињо испадна од Купот а ваков меч немало во најстариот турнир на светот уште од 1961 година кога Шефилд Венздеј го прегазил Ман. Јунајтед со 7-2.
Само Мурињо може да прекине интервју на ваков начин и да го ремети својот играч дека намерно добил жолт картон за следното коло да биде суспендиран и да оди да се одмори во Португалија. Снимката е од времето кога им беше тренер на Давид Луиз и Азар во Челси.
Човекот кој може да работи буквално сè во еден клуб: од тренер до фитнес-инструктор и скаут, направи првокласни чуда. Од непознати играчи створи ѕвезди кои подоцна им донесоа стотици милиони на клубовите.
Иако резултатот 1:4 е убедлив, во понеделникот вечер Тотенхем одигра тежок меч на гости против Виком во ФА Купот на Англија и победникот го реши во самиот финиш.
Го прашуваат Жозе што мисли за изјавата на Озил дека попрво би отишол во пензија отколку да потпише за Тотенхем, по што следуваше класична Мурињо реплика со плескање во фаца. Озил сам не знае кај тера, со Мурињо ќе сади краставици.
Ливерпул и Тотенхем го одиграа најинтересниот меч од почетокот на англиската Премиер лига. Жозе Мурињо го обвинуваат дека повторно паркирал автобус пред својот гол, но тој тврди дека синоќа победил послабиот тим.
Жозе и Марадона имале посебен однос и редовно се слушале и разговарале. Мурињо вели дека многу ќе му фалат тие муабети после поразите, зошто Диего му се јавувал во тешки моменти, а не после победи.
Комичен момент за најсмешно видео инсерти во кој Жозе и помошникот мафтаат па седнуваат во исто време, тајминг во кој случајно се поклопи и Славен Билиќ.
Ако со години важеше за еден од поригорозните тренери кој конзервативно се држи до старите методи на работа, Жозе Мурињо откако е дојден во Тотенхем оди во чекор со модерните текови. Направи и Инстаграм профил на кој често објавуа сè она што објавуваат и младите.
Фотографија како најдобар доказ за времето во кое живееме. Место да разговараат меѓу себе како во второ или како да ги елиминираат грешките на следната доколку ова е сликано после утакмица, тие земале лајкови да бројат и да видат што има на стори.
Дефинитивно нема коло од Премиер лига или Лига Европа а Португалецот да не направи шоу какво што изведе во Скопје. Синоќа во Белгија неговиот Тотенхем изгуби од Антверпен со 1:0 а Жозе од лежерен пред мечот стана потиштен после натпреварот.
Додека зборуваше дека е свесен за работата и барањата што ги носат големите клубови, затоа што работел во неколку од нив, Жозе ги наброи Интер, Реал Мадрид и Челси, ама не го спомна Манчестер Јунајтед. Дали свесно или несвесно кој ќе знае.
Време е да се вратиме кај Специјалниот после она епско мерење на пречката на Градски и да чуеме што има да одговори на новинарско прашање, зошто го немало во биографијата на легендарниот тренер на Арсенал со кој биеа многу битки на островот.
Начека Жозе „крв и месо“ па го удри Манчестер Јунајтед до крај. На семафорот на „Олд Трафорд“ синоќа околу 19:30 часот стоеше резултат 1-6, исход каков што тој стадион скоро никогаш во историјата да не видел. Коментаторот на Спортклуб го прашува Мурињо после мечот, што е со оваа победа во стил на Ѓоковиќ со 6:1 во тениски сет.
Тотенхем и Челси одиграа интересен меч во Лига Купот каде Спарси со мешан состав успеаа да го исфрлат Лампард на пенали од натпреварувањето, а Мурињо успеа да се закачне и со тренерот на Челси, некогашниот негов главен адут на теренот.
И покрај тоа што Мурињо се жалеше на густиот распоред и реши против Челси во Лига Купот да одмора неколку првотимци, на крај Спарс по регуларниот дел кој заврши 1:1, победија на пенали 5:4. Интересен момент беше кога Ерик Даер на сред меч истрча во тоалет под трибините а Мурињо по него.
АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор кое стопанисува со националната арена се произнесе за тврдењата на Жозе Мурињо. Тврдат дека голот бил со регуларни димензии. Е ајде де сега.
Португалецот направи ново шоу синоќа пред мечот Шкендија - Тотенхем, откако со резервниот голман Уго Лорис на загревањето заедно забележале дека едниот гол е понизок од другиот.
Откако претходно исконтактирал со луѓето задолжени за односи со јавност во гигантот Тотенхем, Игор добил дозвола да влезе во хотелот „Хилтон“, да поразговара со Мурињо, да се фотографираат и да му даде пар подароци во знак на благодарност.