Конечно нешто добро и сериозно од несериозниот Беноа Пер, роден за кавги со судиите. На Мастерсот во Синсинати, Французинот го елиминираше Денис Шаповалов, а во еден момент му зема поен со страшен спин и го принуди да му честита за ремек делото.
Малку луѓе знаат дека сопственикот и претседател на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи се појавил во првото коло на АТП турнирот во Сенкт Пелтен (Австрија) во 1996-та година под знамето на неговиот Катар. Изгубил убедливо од првиот носител и шампион на Ролан Гарос, Томас Мустер ама бар му освоил еден гем.
Шпанската тенисерка Пола Бадоса го предаде четвртфиналниот натпревар во Токио поради жешкото време и го напушти теренот во инвалидска количка. Медведев го праша судијата, кој ќе биде одговорен ако умрам, а Фабио Фоњини цевката за кислород почна да си ја пика во гаќи.
Пред три недели се глупираше на Вимблдон и намерно губеше поени, а сега на АТП турнирот во Швајцарија се истакна со неверојатна тениска генијалност. Изведе волеј удар кој беше толку посебен што доби чудесна ротација и тапна во двете полиња. Словакот Ковалик беше немоќен.
Можеби не сте знаеле дека Горан Иванишевиќ, актуелен тренер на Ѓоковиќ е единствениот тенисер кој успеал да го освои Вимблдон со вајлд карта. А? Или сте знаеле? А пресов на УС опен му го знаете? И како ли го превел ова преведувачот?
Како и да ја вртиме, сите тројца се шампиони и творци на едно од најголемите спортски ривалства. Никогаш повеќе нема да биде ист тенисот кога ќе се пензионираат, а се ближи тоа време.
Новак Ѓоковиќ за 2 часа го суредиБританецот Џек Драјпер во првото коло на Вимблдон иуспеа даму земегејмза 46 секунди со 4 асови. Читател со одлична меморија за тенис ни пиша дека истото му успеало и на Федерер пред 7 години во полуфиналето на турнирот во Шангај.
Оние што љубат тенис, уживаат што стартуваше најпрестижниот тениски турнир во светот. Но заврна дожд кој влијаеше во распоредот на натпреварите, но и на расположението на некои играчи. Тоест на еден, познат како доста терсене.
Не постојат зборови со кои може да се објасни доминацијава, бидејќи ова нивното е лудо и неповторливо. Па од 30 годишна возраст до сега, Новак има 7 Гренд слем титули, Рафа 6, Роџер 4. Како ли издржуваат уште и тоа на тронот и што после нив? 20 години тениска опсада - 59 Гренд слем титули заедно. Неверојатно.
Лудачкиот пресврт на Ѓоковиќ во финалето на Роланд Гарос, посебно ќе го памети едно дете од трибините кое се однесувало како тренер спрема српскиот ас, кој објасни зошто се одлучил да му го подари токму на него.
По епското полуфинале со Рафа Надал, Новак Ѓоковиќ во финалето по голема борба и 251 минута жесток тенис со Стефанос Циципас 6:7 (6), 2:6, 6:3, 6:2, 6:4, го освои 19. Гренд Слем трофеј во кариерата.
Не дека прв пат го гледаме во вакво издание, ама откако публиката во Париз ја набркаа поради полициски час, неговото урлање на крај се слушна многу појако. Ѓоковиќ го совлада Беретини со 3:1, а во полуфинале го чека мега пресметка против Надал кој е крал на Ролан Гарос со 13 титули.
За време на паузата меѓу гемовите на мечот меѓу Марин Чилиќ и Александар Бублик, судијата Грег Аленсворт при обид да се спушти од столицата, незгодно падна и среќа се додржи на време.
За работи за руско - хрватска пресметка на челинџерот во Задар меѓу 34 годишниот Иван Неделко и 16 годишниот Ноа Вукадин. Ветеранов важел за голем фаворит, ама грешките против малиот во прв сет му се апла видливи дека му се намерни. Првиот сет го губи 4:6, а потоа го врти мечот со 6:2 и 6:1.
Францускиот тенисер Беноа Пер е слаб со нервите и лош со гестовите на терен. На мастерсот во Рим лани се расправаше со судијата, сервираше во празно, си поигруваше со шишето и слично, а овој пат се истакна со сељачки потег.
Пред стартот на Австралија Опен, тенисерите мора да издржат карантин од две недели, а тоа значи нема мрдање од соба. Епа Пабло Куевас од Уругвај, инаку 70-ти на АТП, не го издржа карантинот и сам себе се прогласи за мртов.
Створи големо богатство и не му е проблем, но за ова треба да се има и великодушност. Светскиот тенисер број 1 направи гест број 1 во својата земја и им обезбеди беслатни подготовки во својот тренинг центар на сите тенисери.
Па богами не се гледа секој ден светскиот рекет број 1 да го шета кучето на улица, да му се соберат деца, а тој да застане и да дава совети за тоа како се држи рекет и слично. Му се посвети целосно на малиот, цар.
За тие што подетално ја следат кариерата на Надал ќе забележат дека осојувачот на 20 Гренд слемови има ритуали, како на пример редење на шишињата на пауза кои мора да бидат свртени со етикетите према терен.
На Ѓоковиќ му се повтори УС Опен и на Ролан Гарос. Нов Гренд Слем, нов удар со топче и тоа овој пат не во врат, туку во лицето на судијата. Но во оваа ситуација помина без казна, бидејќи беше во жарот на борбата и се обидуваше да врати еден удар.
Прекар му е “El peque“ или што би се рекло “Shorty“, но кога ќе ја прочитате неговата сторија ќе сфатите дека висината му е последната пречка за да стане професионален тенисер кој во четвртфиналето во Рим го елиминираше Надал. Неговиот пат има длабоко минато кое почнува од прадедо му кој за влакно не завршил во логор.
По лавината критики кои ги доби за ненамерниот удар со топче врз судијата, најдобриот тенисер во светот им се врати на трофеите на најдобар можен начин. Стана рекордер по број на Мастерс титули, примат кој го делеше со Надал. Рим го освојува по петти пат во кариерата.
Французинот Беноа Пер беше доста нервозен во првото коло на Мастерсот во Рим, бидејќи не добил одложување на мечот откако 10 дена бил во изолација поради корона и не можел да се подготви доволно. Бесот го истури на терен.