Таг: тенис

Моника Селеш – кралицата на која и беше расипано владеењето

Родена е во Нови Сад во 1973-та, родителите и се Унгарци, а во 1994-та добива и американско државјанство бидејќи се селат таму. Како дете вежбала на мрежа оптегната меѓу две коли на паркинг. На само 19 години испиша историја која се нема повторено во тенисот. Ќе ја продолжеше ако не беше тој насилник.

Организирајте уште една Адрија Тур, не фаќа вирусот на тенис

Нема спорт кој не беше стопиран откако почна да се шири. Европско се одложи, потоа Олимијада како планетарен собир, Британците Вимблдон го одложија, традиција стара 140 години. Ама нема ова Балканов е посебно поднебје, а тврдоглав до крај остана и Новак.

Вимблдон со страшна компилација за роденденот на Надал

Шпанскиот ас полни 34 години, а луѓето од најелитниот тениски турнир во светот му посветија видео со неговите најјаки поени од форхенд во трк. Погледнете ја оваа негова моќ. Неодбранливо.

27 години од нападот врз Моника Селеш

На 30 април 1993 година, на мечот од четвртфиналето на турнирот во Хамбург меѓу Моника Селеш и Магдалена Малеева, 38-годишниот Гинтер Пархе кој опсесивно ја сакал Штефи Граф, со нож ја погоди Новосаѓанката во грб и ја повреди. Моника после нападот паузираше 2 години од тенисот.

Надал ја откри мистеријата за која Федерер се прашувал откако им трае ривалството

Двајцата тениски асови се најдоа на чамче муабет на Инстаграм, разговор кој го следеа илјадници нивни фанови. За Роџер беше корисен, бидејќи откри една работа за Рафа која била само мит.

Како да играш тенис во време на корона

Идејата не е лоша, бидејќи ем спортуваш, ем никого не загрозуваш. Само има еден проблем, а тоа е што не можеш никогаш да освоиш гем, па и поен.

Шарапова го објави телефонскиот број, да ѝ праќаат рецепти

Некогашната најдобра тенисерка на светот, Русинката Марија Шарапова им предложи на своите следбеници на социјалните мрежи слободно да ѝ пишуваат пораки.

Вимблдон кај Ноле дома со тавчиња

Турнирот се одржува во дневна соба со тавчиња за пржење јајца, а мрежа им се столовите. Се игра течно и неизвесно, а Ѓоковиќ на пријателчето му запна на мрежа и му го зема гемот.

Кралот на тенисот гајле нема со рекетот и на снег

Како сите спортови, така и сезоната во тенис е замрзната, а во најава е откажување дури и на Вимблдон кој е закажан за 29 јуни. Ама Роџер не мрзне и е лабав во својот двор во родната Швајцарија.

Додека и тенисот е во мирување

Некој жонглира фудбалска топка, некој тоалетна хартија, а има и такви позитивци што не можат без тенис, макар преку прозор.

Океј е, знаеме дека си неарен

Да не сте се запрашале каде е и што прави Ник Кирјос, бидејќи го нема нешто во последно време. Епа на Австралија опен е, игра на свое тло и прави што му дојде на памет во моментот. Тенисерите како сувенир обично во публика фрлаат стегачи, а овој што стигне и најде на клупа.

Татко му на Новак: Косово засекогаш ќе биде срцето на Србија

Селекцијата на Србија предводена од Новак Ѓоковиќ го освои АТП Купот во Австралија. Во соблекувална Србите славеа со песна во која го спомнаа во една конотација и Косово по што имаше реакции.

Зарем овој може да се нарече тенисер?

Катар викендов беше домаќин на ИТФ турнир од оние пониско рангираните каде паричниот фонд изнесува 15.000 долари. Сè е тоа во ред и треба да постојат и такви за да стекнат искуство помладите, ама кој ли го пуштил тука Украинецов Артем Бахмет?

На кој му се истури Новак волку бесно?

Ѓоковиќ загуби во второто коло на мастерс турнирот во Лондон од Австриецот Доминик Тим со резултат 2:1 (6-7, 6-3, 7-6). Во еден момент откако зема поен во третиот сет, се отвори со сочни пцовки, но нејасно е спрема кого. Дали кон неговите тренери Маријан Вајда и Горан Иванишевиќ или?

Само Ноле знае вака да ги испоштуе навивачите

Кога е во прашање Новак Ѓоковиќ, за него тенисот не е само натпревар по кој се оди под туш, па дома на одмор. Мора да има и некое шоу кое овој пат го имаше после освојувањето на мастерсот во Париз.

Се ождрига па му сервираше на Вавринка

Ма ништо тука нема за срамење, ниту за исмејување. Човекот едноставно мораше да испушти воздух за да може да сервира на турнирот во Базел каде се сретна со Вавринка. Франсис Тиафо ич гајле да немаш, на сите ни доаѓа, плус ете и публиката е со тебе. На здравје.

Федерер колку години бе имаш младичу?

Што имаат заедничко Златан и Роџер? Годините. И двајцата имаат по 38 и двајцата не само што се неуморни и спремни за секој предизвик, туку вадат потези кои не се нормални за таа возраст. Федерер го совлада Раду Албот со (6-0, 6-3) и обезбеди четвртфинале на АТП турнирот во Базел.

А што ќе случеше да беше обратно?

Гледајте ја плавата девојка лево во аголот и побарајте одговор на прашањето, што ќе се случеше доколку маж од публика фотографира тенисерка на овој начин. Феминистичките друштва ќе бараа каменување.

Те збуни а?

Роберто Баутиста го совлада Френсис Тиафо и обезбеди осминафинале на Синсинати, но во еден момент промаши зицер, веројатно збунет од неочекуваниот мангупски и атрактивен потег на Американецот.

Овој пак скрена, ама повеќе од претходниот пат

И да победува и да губи, Ник Кирјос паметот секако го губи. Нов турнир, нови испади на Австралиецот со грчко потекло на кој веќе не знаеме кај ќе му биде крајот со вакво дилетантско однесување.

Од Монтреал 2019 ова беше најјако

Рафа Надал го освои Мастерсот 1000 во Канада откако со 6:0 и 6:3 го совлада Медведев, но ние би се вратиле на четвртфиналето против Фоњини. Италијанско-шпанска работа на која би уживал и човек што не прати тенис. Мама миа.

Остај ја бе глуп, два метри е во аут

Тие што играле или играат серва во маало, сигурно го искусиле ова. Топката оди апла во аут, а ти ја фаќаш инстинктивно или намерно за да не трчаш по нејзе, па потоа расправии чиј е поенот. Во професионален спорт ова не сме го виделе до сега.

Ти психички проблеми? Не бе, грешка си нешто

Во новата епизода од серијалот наречен Ник Кирјос имаме нова до сега невидена глупоштина, бидејќи само тој го може тоа, ама и едно признание од негова страна кое делува сосема логично. Додуше две.

Ретко добра идеја за награда на тениски турнир во Хамбург

Ако некој го гледал финалето на АТП турнирот 500 во Хамбург, сигурно се изненадил од необичната награда која му ја доделија на победникот. Има интересна позадина целиот муабет.