Таг: ромелу лукаку

Лукаку кога ќе тргне ти доаѓа да му се тргнеш

Интер ја совлада Џенова на гости со 0:3 и му се доближи на Јуве на -4, кој инаку вечерва ја пречекува Сампдорија. Ромелу Лукаку беше двоен стрелец и стигна до бројка од 23 сезонски погодоци. Ко бик е кога влезе во контра.

Сони Плејстејшн акцијата на Интер

Интер победнички се врати во Серија А. 2-1 против Сампдорија и 3 бода за рестарт на трката за титулата со Јувентус и Лацио. Лукаку го отвори резултатот после една акција ала Барса.

Белгиски спортски лист се мајтапи со убиството на Флојд

Белгискиот весник Het Nieuwsblad ја шокирал тамошната јавност откако една клупска одлука споредил со убиството кое предизвика страшни немири во САД и пошироко.

Многу смешен гол на Лукаку против бугарскиот шампион

Интер го победи Лудогорец прво на гости 0-2 во Бугарија, па на реваншот пред празни трибини поради коронавирусот во Италија, се намачи. Бугарите поведоа со 0-1, па Интер мораше „да ја врти“ преку Бираги и Лукаку. Овој вториот даде многу интересен гол.

За еден топол братски поздрав кој допира до нивното тешко минато

На страна тоа што Интер и Лацио минатото коло водеа битка вредна второ место. Тој меч сезонава е посебен за двајца браќа кои сезонава прв пат играат еден против друг. Не е важно кој победи на терен, туку поентата е што во животот и двајцата победија.

Чекај бе Лукаку, уште не сме загреани

Што трансфер ќе беше ангажирањето на Ромелу Лукаку во Интер. Влезе во некоја криза на Олд Трафорд, изгледаше тромаво, ама на Меаца сезонава се препороди. 18 гола има постигнато сезонава на сите натпреварувања. Синоќа Конте го стави и во Куп против Каљари. Тепаа 4:1, а тој го постигна најбрзиот гол сезонава.

Што правеше Лукаку на прв ден Божиќ

Сè живо е отидено по одмори на потопли дестинации. Добро и Лукаку е во Дубаи како и многу други фудбалери, ама знаете што им рекол Конте на играчите: „За време на празнициве, треба да посветите малку време и на мене“.

Лукаку се откажа од хет-трик за пеналот да го шутира дете

Има многу лакоми играчи за гол кој по секоја цена сакаат да билдаат бројки, а Ромелу Лукаку вечерва направи гест со кој докажа дека не е воопшто фудбалер од таков ков.

Овие во Серија А се спрдаваат, друго објаснување нема

По серијата огромни расистички скандали и гафови, раководството на Серија А реши да покрене кампања во борба против расизмот во фудбалот, ама толку невешто го направи тоа, што сите се запрашаа дали се нормални?

Цела игра им ја држи Лукаку

На прва изгледа дека е бавен, ама и не е до толку, колку што физикусот ве тера така да мислите. Не е само поентата во тоа што е втор стрелец во Серија А со 10 гола, туку во начинот на кој се снајде во играта на Интер.

Напаѓачкиот тандем на Интер се повампири

Во време на Морати, Интер секогаш пазареше дел од најзвучните имиња во напад, ама замислете ова што го прават сега двајцава, не ми тргнало од рака ниту на Виери – Креспо, Роналдо - Рекоба, Милито – Ето и да не редиме до крај.

Лукаку како тенк носеше двајца играчи и асистираше за гол

Интер гостува во Прага каде се игра луд натпревар со Славија. После 19 минути Лаутаро Мартинез го отвори резултатот по една сјајна асистенција на Ромелу Лукаку. Белгиецот ги качи на грб противничките бекови.

Сторијата за браќата Лукаку кои учеле како да не бидат Касано и Балотели

Едниот е напаѓач, другиот крило и заедно се калеле во Андерлехт. Но Ромелу е далеку попознат без разлика што е само една година постар. Мајка им се молела додека живееле во мрак и ете ги сега и двајцата се во Италија, на второ и трето место на табела. Плус деца на место се.

Кога научи па овој италијански

Роден е во Белгија, неговите се од Конго, а пред да потпише летово за Интер, играше за Андерлехт, Челси, ВБА, Евертон и Манчестер Јунајтед. Или има добар/добра професор/ка или па му фаќа изгледа црпката за јазици. Со оглед на тоа што потпиша на 8 август за Интер, одлично парла.

Кога Ибрахимовиќ му предложил кладба на Лукаку

Во прилично долго интервју за Газета дело Спорт, Златан Ибрахимовиќ меѓудругото раскажал и една анегдота за Лукаку.

После се чудат зошто во Италија има толку многу расисти

Лучано Пасирани, возрасен човек, децениски спортски новинар во Италија. По почетниот скандал во Каљари каде гомила идиоти му „букаа“ на Лукаку со мајмунски крици, се крена голема врева во Италија. Таман се стиши, сега се појави овој стар морон кој во студио почна на сите ѕвона да го фали Белгиецот Ромелу Лукаку дека е најдобро засилување во Серија А, дека не видел таков играч во Италија досега, и во еден момент (34-та секунда) рече: „Еден на еден те убива, те убива. Ти требаат десет банани за да го сопреш, толку е добар“.

Расизам кон Лукаку фатен на дело во Каљари

Италијанскиот фудбал никако да раскрсти со расизмот и фашизмот кои цутат на некои трибини. Англичаните тоа го решваат по брза постапка, како во примерот со Стерлинг кога морони навивачи на Челси испуштаа мајмунски крици, на крај беа откриени и им беше изречена доживотна забрана за влез на стадионот. Во Италија од година во година расизмот е како добро утро. Особено во Каљари каде досега беа навредувани Мунтари, Матуиди и Мојзе Кеан.

Феноменот Лукаку - дава голови и зборува осум јазици

Летово Интер направи рекорден трансфер откако на Манчестер Јунајтед му плати 65 милиони евра за центарфорот Ромелу Лукаку. Белгиецот освен што е расен стрелец, важи и за полиглот кој зборува осум јазици.

Страшна еуфорија за Лукаку во Милано во 2 по полноќ

Се зборува за трансфер од околу 75 милиони евра и годишна плата од 9 милиони евра. Ромелу Лукаку е нов напаѓач во редовите на Интер предводен од Антонио Конте. Навивачите пресреќни, место во кревет, во ниедно време заминаа на аеродром и побудалеа кога го видоа.

Херојската одбрана на Лено vs Лукаку

Манчестер Јунајтед синоќа имаше шанси за да се спаси од пораз и да ја продолжи успешната низа на Солскјер, но проблемот се викаше Бернд Лено. Обрнете внимание како му одигра еден на еден на Лукаку откако овој доби топка со очи од Рашфорд. Многу јака одбрана со нога е ова, шпага направи.

Додека другарите славеа, Лукаку го тешеше стоперот на ПСЖ кој направи пенал

Белгискиот репрезентативец е јунак на Манчестер Јунајтед, откако со два брзи гола ја надомести негативата од првиот меч. Во неверојатниот финиш во кој Манчестер победи со гол од пенал во 92’ минута, цел тим збудале од радост, а само Лукаку отиде да го теши најголемиот трагичар Преснел Кимпембе кој направи пенал со рака.

А сте виделе ли Лукаку како дрибла?

Ако не сте виделе, мора да видите. Ова е уметност и не го може секој. Работава идол ми беше Роналдо да Лима, ама немам ни Р од Роналдо.

Играта на Лукаку против Валенсија

Ако некој треба да ги држи конците во играта на Манчестер Јунајтед тоа сигурно се Ромелу Лукаку и Пол Погба, но сезонава и двајцата не знаат кај тераат. Имам пресек од настапот на Белгиецот против Валенсија. Прием? Солидно, ама и тоа не секогаш. Проигрување? Ужас.