Таг: репортажа

Репортажа од Галапагос - наш човек по стапките на Дарвин

За биолозите, вљубениците во природата и птичарите како Илија, Галапагос е туристичка дестинација од соништата. Лоциран во Пацификот на 1000 километри од јужноамериканскиот континент, овој архипелаг се состои од 19 острови кои се дом на различни видови птици, игуани, желки и други суштества кои ја инспирирале теоријата на еволуцијата на Дарвин, а сега и перото и фотоапаратот на Илија. 

Букбокс репортажа од Верона: Ромео е мртов, да живее Кејв!

„Ајше и Даут“, „Мариска засекогаш, Миклош“. „Јас и ти“. На ѕидот во близина на таканаречената „Куќа на Јулија“ одамна му е потребно тазе Select All+Delete за да ги собере пораките на заљубените. Тие можеби не се свесни за логиката на ваквата магиска постапка, дека идентификувањето со (фиктивните) Ромео и Јулија можеби и не е најсреќниот план за нивната врска. Но во Верона смртта делува романтично, како Into My Arms на летен дожд среде древна арена. 

Букбокс репортажа: Изложба „Светот на Леонардо“ во Милано

Отворена во 2013, изложбата требаше да биде привремена, но од минатата година прерасна во музеј. Во постојаната поставка се поместени над 200 интерактивни 3Д машини и физички реконструкции на човекот кој не залудно го нарекуваат гениј.

Од Музејот на културите во Базел: мртовечки ковчег во форма на џип, eротски играчки и дрвени чудовишта

Собирањето предмети кои им припаѓаат на „егзотични“ култури и нивното изложување овозможува тие да се запознаат. Од друга страна, предметите се „киднапирани“ од својот природен контекст, не ја вршат својата функција, мртви се. Музејот на културите во Базел ги преиспитува основните претпоставки на институциите од ваков вид. 

Букбокс од лице место: На гости кај Ајнштајн во Берн

Без оглед дали во Музејот на Ајнштајн ќе одите како на научен аџилак, или само за да си купите маица со неговата слика со исплазен јазик, тука ќе дознаете многу повеќе отколку што сте очекувале. На пример дека човекот имал и кец во свидетелство, дека никогаш не носел чорапи и дека парите од Нобеловата ги вложил во станови кои потоа ги издавал. Мислете си вие дека физичарите се луди...

Од наш човек на теренот: репортажа за концертот на Дејвид Брн во Бостон

Тргнавме да пишуваме од трета рака за концертот на Брн во Бостон кога ни текна - па Илија беше таму! Не требаше многу убедување, да ни раскаже како си поминал.

Репортажа од концерт на У2 во Вашингтон

Наш човек кој бил присутен на неодамнешниот концерт на У2 во САД, во рамки на турнејата Experience+Innocence, ни ги испрати своите впечатоци, и споредба - како го доживеал бендот во живо пред четврт век, а како денес, со сиот технолошки напредок што тоа го подразбира. 

„Обликот на времето“ - изложба во Уметничко-историскиот музеј во Виена

Што ако делата на старите мајстори од колекција која покрива неколку илјади години ги спариш со такви на модерни и современи уметници? Добиваш приказна која надминува историски епохи, трендови и стилови, и кажува нешто повеќе за човечката состојба. Онаа на секој човек, насекаде. 

Како си поминавме во Музејот за деца во Софија

Прво - бевме без деца. Ама тоа не само што не ни пречеше, туку беше повод да си ја освежиме љубопитноста. Детскиот научен центар, отворен пред една година во нашето соседство, ја враќа вербата во музејот како жива, а не „здрвена“ институција, во која не смееш ништо да пипнеш.

Репортажа од изложбата на Стефан Загмајстер во Франкфурт

До сега Загмајстер го познававме како дизајнер на корици на албуми на Лу Рид, Стоунси, Дејвид Брн и Пет Метени. Австриец со постојан дом во Њујорк, тој деновиве е актуелен со изложба посветена на општочовечката потрага по среќата, поставена во Музејот на применета уметност во Франкфурт. 

„Лебдечки светови" - изложба посветена на облаците во уметноста

До Виена стигнавме низ облаците. Син ми, прв пат во авион, возбудено ги гледаше, споредувајќи ги со шеќерна волна или пена за коса. Тие нè следеа цела недела, а првиот момент кога попуштија и низ нив ѕирна сонцето беше - кога отидовме да ги видиме на изложба!