Таг: Перу

5 црвени картони за 5 минути во Перу

На големото дерби во перуанскиот фудбал меѓу екипите на Алијанса Лима и Реал Гарсилас судијата од 85-та до 90-та минута додели дури пет црвени картони, по што полициски кордон мораше да го вади од теренот на крајот.

Што мајка ми!?

Перуанско тв шоу идентификува неколку мажи што цело време им свиркаат / дофрлуваат на жени на улица. Ги наоѓа мајките на овие мажи, ги преоблекува и ги пушта на улица да минат покрај своите синови. Тоа изгледа вака.

Гринпис како антички штеточини

Активисти на Гринпис во редовното правење штета во име на промоција на сопствените пораки, се распостилаат на Наскинските линии во Перу, инаку заштитени од УНЕСКО како светското културно наследство. За ова ќе добијат кривична пријава по основа на оштетување на околу 2000 години стариот споменик.

Прекинат меч поради групно симулирање фаул

Пораз од 4:1 на куп натпревар во Перу тешко се прифаќа, а фудбалерите на Боливар не сакаа нути да го доиграат. На судијата дури петмина играчи му “се жалеа“ на повреда, па мораше да свири крај. За играта да продолжи потребни се седум во екипа.

Ножички на 37 години

Прво да завршиме со сеирот и да кажеме дека човеков на овие години да беше во Италија сигурно ќе играше за Милан. Ама уште со време се има вратено во Перу, па може да дочека на 37 години да игра во прва лига и да нè почести со спектакуларен гол.

Оси прекинаа меч во Перу

Ниту навивачки нереди, ниту силно невреме, туку рој на оси прекинаат фудбалски натпревар во Перу. Публиката почна да бега, а лекарска помош мораше да добие судијата пред мечот да продолжи.

Најмалерозниот фудбалски тим од Перу

Три глупости го чинеше три порази предпоследно пласираниот тим од првата лига во Перу, Унион Комерсијо. Сите овие киксови за паметење им се случија за две недели, а нивниот голман неодамна си најде место во нашата рубрика Офсајд лик.

Трагичен викенд во јужноамериканскиот фудбал

Два немили настани го одбележаа овој спортски викенд во Перу и Аргентина каде починаа еден фудбалер и двајца навивачи.

Тренер направи фаул и доби црвен картон

Често пати гледаме како тренерите добиваат црвени картони и потоа натпреварите ги гледаат од трибините, но тоа се случува кога ќе претераат со приговор. Роландо Чилаверт од Перу се вмеша онаку каде што не му е местото, на теренот.

Најди го натрапникот во составот на Перу

Овие денови во Аргентина се одржува фудбалско првенство на Јужна Америка за играчи до 20 години, но еден член на репрезентацијата на Перу не само што е Еквадорец, туку и е осум години постар.

За туѓи пусти вегани

Фаза 1: Боливијската и перуанската сиромаштија се прехранува со една евтина локална житарица. Фаза два: Житарицата станува фенси храна во западните вегански кругови. Фаза три: цената на житарицата оди во небо и јадниците од Андите веќе не можат да си ја дозволат. Решение? Нека јадат колачи од тофу.