Со додавање на дополнителни 3.500 војници на обезбедувањето на Олимпијадата, Британија и официјално има ангажирано два пати повеќе војници за ЛОИ 2012, отколку што има во Авганистан.
Може нема никаква поврзаност со моменталната криза во Грција, ама наследниците на Спиридон Луис по 116 години решија го продадоа Олимпискиот трофеј на нивниот дедо, освоен на првата модерна Олимпијада.
Многу веројатна жртва на грчките мерки за штедење може да биде Олимписката репрезентација, откако Атлетската федерација објави дека ги прекинува сите натпреварувања заради немање пари.
Поезијата ќе има свое место на годинашниве летни олимписки игри во Лондон. Целта на проектот е да го сврти вниманието кон поезијата преку поставување инсталации со стихови во Олимпискиот парк, и со нив да го поттикне спортскиот дух.