Таг: новак ѓоковиќ

Прес на Ѓоковиќ ама на кинески

Српската тениска репрезентација со победа над Кина го стартуваше Јунајтед Купот кој се одржува во Австралија. Ѓоковиќ на пресот се појави со колегите Олга Даниловиќ и Виктор Троицки. Погледнете ја реакцијата на Огла.

Уште не почната годината, Ѓоковиќ направи шоу

Новак Ѓоковиќ го збриша Јиржи Лехечка со 3:0 (6-1, 6-7, 6-1) и со тоа го израмни резултатот против Чешка на Јунајтед купот во Перт на 1:1. Погледнете го поенот на човекот за кој не постои прасечко и руска. Накај 37 години се ближи.

Најјаките 5 поени на Ѓоковиќ на годината

Освои 3 од можни 4 Гренд Слем титули, стигна до рекордна бројка од 24, како и до 40 Мастерс пехари, плус ја мина и границата од 400 недели на врвот на АТП. За челичниот Новак ова е уште една импресивна сезона во неверојатната кариера, остварена на 36 години. Уживајте во изборот топ 5, направен од Еуроспорт.

Калин и Новак играа заедно одбојка во Дубаи

Најголемата македонска тениска надеж повторно учи од најдобриот. Овој пат тренираше со Ѓоковиќ во Дубаи, а потоа заедно се забавуваа и играа одбојка на плажа. Останатите се Горан Иванишевиќ, Виктор Троицки, Хамад Меѓедовиќ и Тимур Гордев.

Импресивниот начин на кој Ѓоковиќ им го трасира патот на младите таленти

Меџедовиќ не платил за ниту едно патување, ниту еден хотел, ниту една авионска карта, ниту еден физиотерапевт, ниту една масажа и тоа една цела година.

Ѓоковиќ го доби најчудното барање за автограм

Ова ќе му дојде нешто како привремена тетоважа која уште на прво туширање ќе оди во историјата.

Како Новак цепа течно пет јазици

Додека животот му го посвети на тенисот за да стигне до рекордни 24 Гренд слем титули и вкупно 97 трофеи, Ѓоковиќ успеал да најде време и да стане полиглота. Зборува англиски, шпански, италијански, германски, француски и по малку кинески.

Специјален гостин на Франс фудбал, Новак Ѓоковиќ

Изненадувањето на вечерта на церемонијата на која се доделуваат најпрестижните фудбалски награди во светот беше тенисер.

Каква чест за Калин Ивановски, тренираше со Ѓоковиќ

Големата надеж на македонскиот тенис, Калин Ивановски кој има 19 години и е на 308 место на АТП листата, имаше привилегија да се сретне и да поработи во Белград со најголемиот. Инаку Ивановски живее и тренира во Загреб, а Ѓоковиќ во една прилика изјави дека би сакал да одигра натпревар со него.

Конечно некој имитатор да го скине добро Новак

Обично Ѓоковиќ сака да имитира, ама се најде некој да го имитира него и тоа одлично. Се работи за британскиот комичар Џош Бери, кој му ги скина бојата на гласот, смеењето и гримасите. Многу добар, а тоа го призна и Новак.

Прво ова не е вечера, второ Шарапова ни должи видеа

Славната руска тениска убавица, Марија Шарапова раскажува кога излегла со Новак Ѓоковиќ.

Коментарот на Надал за рекордот на Ѓоковиќ

Ѓоковиќ 24 Гренд слем титули, Надал 22, Федерер 20. Ниту едниот ниту другиот не му честиташе на Новак за неверојатниот подвиг. Шпанецот со малку неочекуван коментар за најновото достигнување на Ѓоковиќ.

Татко му на Ѓоковиќ раскажува кога морал пред турнир да земе 5.000 евра од лихвар

Срѓан Ѓоковиќ бил на тешки маки на ден пред првото патување на Новак во САД на јуниорски Гренд слем. Човекот кој му позајмил пари се изживувал со него и покрај тоа што се работело за најдобриот тенисер во Европа за играчи до 16 години. Збеснал и кршел кога се вратил дома.

Првиот Гренд слем на Ѓоковиќ

Во 25 години, рекордни 24 Гренд слем титули. Првиот секогаш ќе го памети. Го освои против моќниот Цонга, а во полуфинале го елиминираше Федерер.

Сите луѓе околу Ѓоковиќ

Јелена, Дијана и Срѓан Ѓоковиќ, како и Горан Иванишевиќ, не се единствените луѓе кои редовно ги гледате во ложа додека игра Новак. Тој има голема меѓународна екипа која се грижи за него. Да ги запознаеме.

Врвни 10 поени од кариерата на српската тениска машина

Од човек како него со 24 Гренд слем титули, не може да составиш листа на топ 10, 20, 30 поени, туку само ќе извадиш нешто јако од плејадата на импресивните лекции кои ги држи и кои немаат крај. Што има во главата овој човек?, ќе рече Горан Иванишевиќ.

Ѓоковиќ за најтешкиот сет во кариерата долг 1 час и 45 минути

„Во моменти кога преку 30 пати по ред ќе го префрлиш топчето и влегуваш во скоро втор час игра во еден сет, јас повеќе не ја гледам јасно топката, сè ми се мати пред очи. Тогаш можеш да играш според интуиција“.

Поените на Ѓоковиќ со кои ја крена на нозе њујоршката публика

Има 36 години, а годинава освојува три од можни четири Гренд слемови. Игра против 9 години помлад и жилав Русин, кој во полуфинале го елиминираше најопасниот и најтешкиот меѓу младите, Карлос Алкараз. До каде ли се границите на овој човек кој стигна до 24 комада, два повеќе од Надал и четири од Федерер?

Ноле не е Ноле ако не направи некој мајтап

Медведев се испостави дека игра финале на УС Опен на денот кога му е годишнина од брак, па го имаш Ѓоковиќ со следнава честитка: „Ти честитам за фантастичниот турнир и жал ми е за резултатот. Ве молам не го сфаќајте ова погрешно, среќна годишнина на тебе и сопругата. Да знаев дека ви е годишнина, можеби, знаеш, резултатот...“

Фудбалерите на Србија дознаа за Ноле во авион

Кошаркарите на Србија со пола откажан тим стигнаа до финале на Светско, а фудбалерите славеа 1:3 на гости против Литванија во квалификациите за ЕП. На заминување за Белград ја слушнаа веста за освојувањето на Гренд слемот број 24 на Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ израдува македонски навивач со автограм на знамето

Со 6:1, 6:4 и 6:4 во три сета, Новак Ѓоковиќ ја мина и четвртфиналната фаза на УС Опен против Тејлор Фриц и во полуфинале ќе игра против  Бен Шелтон. По завршувањето на мечот во Њујорк, на трибини се појави нашинец со знаме кој се усреќи со автограм од најдобриот тенисер во светот.

Лудачки бекхенд на Ѓере за кој доби честитки и од Ѓоковиќ

Нов неверојатен кам бек на Новак Ѓоковиќ кој во 3. коло на УС Опен го елиминираше својот сонародник Ласло Ѓере после негатива од 0:2 во сетови. 38-от тенисер во светот го имаше најјакиот поен на мечот за што заслужено беше награден со овации.

Американец му се пофали на Ѓоковиќ со Југо и рефрен од Мирослав Илиќ

Да е само тоа. Запознајте го Џастис Рид, 23 годишен тик токер од САД кој е мега популарен на нашиве простори. Најпосетеното видео му е балкански хит со 2 милиони кликови. Бил и во Македонија и научил песни од Тоше и Калиопи.

Атракција на Ѓоковиќ и Милер уште во прво коло на УС Опен

Со триумф од 3:0 (6:0, 6:2 и 6:3), Новак Ѓоковиќ го збриша Александар Милер и го почна походот кон титулата на Гренд слемот во Њујорк. Во вториот сет во еден момент ја забавуваа публиката откако Ѓоковиќ неколку пати го шеташе Милер, кој на предизвикот одговори дрско и упорно. Ова е поен за аплаузи и овации.