Таг: новак ѓоковиќ

Една фотка, две светски легенди

Косопственикот на Интер Мајами, Хорхе Мас може да се пофали со фото на денот на која се наоѓаат веројатно најдобриот фудбалер и најдобриот тенисер. Новак е фан на Меси. Навиваше за Аргентина на последното Светско, а во јуни летово додека се натпреваруваше на Роланд Гарос, беше да го гледа Меси и кога ја освои титулата со ПСЖ. Најновото дружење им е во Њујорк, каде Меси гостуваше со Мајами, а Ѓоковиќ ќе игра на УС Опен.

Ѓоковиќ во Њујорк ги имитираше Шарапова, Мекинро, Кирјос и Иванишевиќ

Тазе шампионот од Синсинати, стаса во Њујорк каде на 28 август стартува УС Опен. Од секогаш го бивало за имитирање. Обрнете внимание колку јако го кине нервозниот Ник Кирјос. Цар.

Дарот на Новак не доаѓа од овој свет

„Добар ден, јас сум Јелена Генчиќ и ова што ќе ви го кажам сега, сум им го кажала само на родителите на Моника Селеш. Ова дете, ако биде правилно водено со програмата која ја имам за него, на 17 години ќе биде меѓу првите 5 тенисери во свет“.

Најјаките 4 минути од последниот сет на финалето во Синсинати

Тој што синоќа одлучил да си легне и да не останува до ниедно време за мега дуелот меѓу Ѓоковиќ и Алкараз, нека се посвети на клипов. На 34-35 степени (филс лајк 37), играа атомски тенис до исцрпување за секој поен. Младост и полетност против дрскост и искуство. На 36 години Новак му одигра на Карлос (20) како машина, до крај. Неверојатна борба.

Џентлменски пофалби на Ѓоковиќ за противникот

„Секоја почит за Карлос и неговиот тим. Мислам дека сите останавме без зборови за тоа што го правиш на терен. Ти си неверојатна личност и шампион. Честитки за неверојатна досегашна кариера. Многу играчи не успеваат да ги достигнат тие височини во целата своја кариера. Она што успеа ти да го направиш во последните 2-3 години е неверојатно“.

Ретко видена сцена во тенисот меѓу Надал и Ѓоковиќ

Се случи на денешен ден пред 10 години во Монтреал и толку е ретка што ни се чини дека ја гледаме еднаш на 10 години, па и поретко. А кога сме кај тенисот, се ближи УС опен на 28 август. Бранител е Карлос Алкараз.

Ѓоковиќ кај Владо Георгиев во свадбарско расположение

Новак Ѓоковиќ и посебно Никола Јокиќ се пример за тоа како се живее на лето после напорна сезона. Истура дожд, а тој е на нозе и мавта со јакната.

Не се закачај со Новак во тај брејк

При резултат 6:6 во првиот сет, Ѓоковиќ губеше 6:3 во тај брејк, а тоа значеше дека на Хуркач му треба поен за водство од 1:0 во сетови. Но тогаш се вклучи сијаличката на Србинот кој му зема 5 поени по ред за неверојатен пресврт од 8:3 со што постави нов рекорд од освоени 14 тај брејкови во низа на Гренд слем турнирите. Рекордот го држеше Пит Сампрас од 1994-та.

Иванишевиќ: Новак е генијалец со специјален софтвер во главата

„Јас веќе не знам колку рекорди има остварено. Во овие четири години со него доживеав сè и сешто. Од дисквалификација, затвор, успони, падови, разни натписи, до шест Гренд слем титули. Три филмови можам да напишам. Тој размислува поинаку и е роден победник. На 3 години зборувал дека ќе биде најдобар. Може многу да се научи од него. Посебен е и најмнпгу што ми се допаѓа е што се држи до своите ставови. Дека е лесен, не е лесен. Неверојатен лик“.

Вавринка пред дуелот со Ѓоковиќ: Ќе уживаме ако не загинам

Во трето коло на Вимблдон, вечерва од 19 часот имаме битка на ветерани меѓу Станислав Вавринка (38) и Новак Ѓоковиќ (36). На Швајцарецот не му до слушање досегашни скорови и некакво евентуално уживање против еден таков противник.

За романтичниот и посебен однос на Ѓоковиќ со теренот на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ ја мина и втората рунда на Вимблдон откако го елиминираше Австралиецот Џордан Томпсон со 3:0 (6:3, 7:6 и 7:5). За него ова е 41-ва победа во низа на централниот стадион во Ол Ингланд клубот, а непобедливоста од 10 години на овој терен ја објасни на интересен начин.

Победнички старт на Ѓоковиќ зачинет со убав гест по мечот

Временските услови во првата рунда на Вимблдон не му се погодија на Новак Ѓоковиќ, бидејќи заврна дожд и се натопи тревата, ама Србинот сепак без проблеми го скроти Педро Качин со 3:0. На заминување од терен застана кај едно девојче со количка и извади подарок од торбата кој и го потпиша на лице место.

Ѓоковиќ пред натпревар игра „Не лути се човече“

И тоа не со децата, туку со членови од стручниот штаб ја игра меѓу кои и Горан Иванишевиќ. Снимката е направена на мастерсот во Рим минатиот месец.

За најголемото тениско трио и нивното височество

Податок за историја, доминација и апсолутна моќ, незабележана во друго време во тенисот.

Најслаткиот момент после победа на Гренд слем турнир

Ѓоковиќ после натпревар батериите ги полни во прегратките на 5 годишната ќерка Тара и 8 годишниот син Стефан. И тие се во Париз како мотивација и поддршка.

Ѓоковиќ во елемент на прес на Ролан Гарос

Новак Ѓоковиќ денеска од 14:00 часот ја игра четвртфиналната рунда на Отвореното првенство во Франција против Карен Хачанов и е во поход кон рекордна 23-та гренд слем титула. Него не му се проблем трофеите, туку комуникацијата со стручниот штаб. За основни работи да се немало разбирачка.

Ѓоковиќ за Јокиќ: Најдобар кошаркар во свет, за мене тој е МВП

Само една недела откако Никола Јокиќ доби прашање за Новак Ѓоковиќ и го опиша со преубави зборови, стигна одговорот од неговиот сонародник на сличен начин.

Нов македонски дрес во колекцијата на Ѓоковиќ

Еден од најверните навивачи на македонската репрезентација во фудбал, кошарка, ракомет, ватерполо...знае многу добро кого да дарува и со тоа да го испромовира нашиот национален тим и општо Македонија. Кој друг ако не Кипре.

Новак растури италијански за тв каналот на Милан

Една од ВИП фаците меѓу гостите во ложата на Сан Сиро на синоќешното дерби беше Новак Ѓоковиќ, кој не му се израдува на резултатот.

Фудбалските вештини на Ноле со тениско топче

Најдобриот тенисер во светот се враќа на терените со настапот на мастерсот во Монте Карло, каде во прво коло ќе игра против анонимниот Русин Иван Гахов. Со него шоуто обично стартува уште пред да почне мечот.

За апсурдноста на Американците кон Ѓоковиќ

Океј, ќе игра најверојатно на УС опен кој стартува на 28 август, ама сезонава пропушти два важни турнири, Индијан Велс и Мајами или вкупно седум поради тоа што не е вакциниран. Да не заразел некој. Сам на терен. И тие самите се исмејуваат по емисии поради овие небулози.

Ѓоковиќ скришно му даде 100 евра на дете, ама со причина

Новак Ѓоковиќ како и често пати, беше да ја бодри Црвена Ѕвезда во живо на мечот против Валенсија од Евролигата кој белграѓани го добија 92:73. Камера го улови како му дава пари на едно од децата кои се сликаа со него.