Таг: новак ѓоковиќ

Тенис од друга планета

Да, така реномираниот Еуроспорт го опиша ова 1 минутно уживање од третото коло меѓу Новак Ѓоковиќ и Томаш Мартин Ечевери, „Tennis from another planet“. Сигурно еден од најјаките поени од сите досегашни натпревари. Инаку полуфиналето меѓу Ѓоковиќ и Синер е изутрина во 4:30 часот по наше или 14:30 по австралиско време. Медведев и Ѕверев играат од 9:30.

Ѓоковиќ му објасни на Кирјос како да освои Гренд слем и ја изнасмеа публиката

Ник Кирјос не настапува на Австралија опен поради повреда и ангажиран е во Еуроспорт како стручен коментатор. По денешното прво четвртфинале, имаше кусо интервју со Ѓоковиќ на кое падна јак муабет кој оди вака:

Мангупскиот волеј на Ѓоковиќ и бакнежот до Кирјос

Новак Ѓоковиќ го совлада Тејлор Фриц со 3:1 (7:6, 4:6, 6:2 и 6:3) и го завери 11-то полуфинале на Австралија опен, каде ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Синер и Рубљов. Мечот беше изедначен само во првите два сета во кои Србинот не искористи многу брејк топки, но потоа го крена нивото на игра и не му даде никакви шанси на Американецот.

Најјакиот мајтап на своја сметка го направи Французинот кој беше здробен од Ѓоковиќ

Адријан Манарино успеа да му земе само три гема на најдобриот во свет и тоа дури во третиот сет. Првите два ги загуби 6:0 и 6:0. Во чест на дебаклот, кога седна на клупа после негативата од 2:0, гестикулираше со рацете две нули и се утепа од смеење. Не веруваме дека ваква комедија извел некој друг тенисер како царов.

Ник Кирјос се пријави да го брани Ѓоковиќ на Австралија опен

Австралиецот кој не учествува на Гренд слемот на домашно тло поради повреда е стручен коментатор на Еуроспорт. Го вклучија за време на интервјуто на Ѓоковиќ и му се понуди да рипне за него од коментаторската ложа за да го среди провокаторот од трибините со кој Новак имаше жестока расправија за време на мечот со Алексеј Попирин.

Австралиски комичар го имитираше Ѓоковиќ

Се вика Елиот Лони, а шоуто го прави на Австралија опен во друштво на Новак кој му признава дека го кине добро. За издвојување се смеењето и покретите пред да се сервира.

Џентлменски гест на Ѓоковиќ кон хрватскиот талент

Дебито на Гренд слем сцената, 18 годишниот Дино Прижмин ќе го памети цел живот. Му пружи страшен четиричасовен отпор на најдобриот во светот, а потоа доби многу пофалби. Новак тоа го направи на посебен начин, како што не го прави друг тенисер.

Колку заработуваат тенисерите кои не се дел од елитата и каков е планот да им се помогне?

Според некои проценки, Ѓоковиќ тежи 520 милиони долари, Надал 515, а Самит Нагал, број 1 тенисер во Индија вели вака: „На сметка имам 900 евра и за да заштедам патувам само со тренерот. Играм Гренд слемови, но сиромашен сум“.

Прес на Ѓоковиќ ама на кинески

Српската тениска репрезентација со победа над Кина го стартуваше Јунајтед Купот кој се одржува во Австралија. Ѓоковиќ на пресот се појави со колегите Олга Даниловиќ и Виктор Троицки. Погледнете ја реакцијата на Огла.

Уште не почната годината, Ѓоковиќ направи шоу

Новак Ѓоковиќ го збриша Јиржи Лехечка со 3:0 (6-1, 6-7, 6-1) и со тоа го израмни резултатот против Чешка на Јунајтед купот во Перт на 1:1. Погледнете го поенот на човекот за кој не постои прасечко и руска. Накај 37 години се ближи.

Најјаките 5 поени на Ѓоковиќ на годината

Освои 3 од можни 4 Гренд Слем титули, стигна до рекордна бројка од 24, како и до 40 Мастерс пехари, плус ја мина и границата од 400 недели на врвот на АТП. За челичниот Новак ова е уште една импресивна сезона во неверојатната кариера, остварена на 36 години. Уживајте во изборот топ 5, направен од Еуроспорт.

Калин и Новак играа заедно одбојка во Дубаи

Најголемата македонска тениска надеж повторно учи од најдобриот. Овој пат тренираше со Ѓоковиќ во Дубаи, а потоа заедно се забавуваа и играа одбојка на плажа. Останатите се Горан Иванишевиќ, Виктор Троицки, Хамад Меѓедовиќ и Тимур Гордев.

Импресивниот начин на кој Ѓоковиќ им го трасира патот на младите таленти

Меџедовиќ не платил за ниту едно патување, ниту еден хотел, ниту една авионска карта, ниту еден физиотерапевт, ниту една масажа и тоа една цела година.

Ѓоковиќ го доби најчудното барање за автограм

Ова ќе му дојде нешто како привремена тетоважа која уште на прво туширање ќе оди во историјата.

Како Новак цепа течно пет јазици

Додека животот му го посвети на тенисот за да стигне до рекордни 24 Гренд слем титули и вкупно 97 трофеи, Ѓоковиќ успеал да најде време и да стане полиглота. Зборува англиски, шпански, италијански, германски, француски и по малку кинески.

Специјален гостин на Франс фудбал, Новак Ѓоковиќ

Изненадувањето на вечерта на церемонијата на која се доделуваат најпрестижните фудбалски награди во светот беше тенисер.

Каква чест за Калин Ивановски, тренираше со Ѓоковиќ

Големата надеж на македонскиот тенис, Калин Ивановски кој има 19 години и е на 308 место на АТП листата, имаше привилегија да се сретне и да поработи во Белград со најголемиот. Инаку Ивановски живее и тренира во Загреб, а Ѓоковиќ во една прилика изјави дека би сакал да одигра натпревар со него.

Конечно некој имитатор да го скине добро Новак

Обично Ѓоковиќ сака да имитира, ама се најде некој да го имитира него и тоа одлично. Се работи за британскиот комичар Џош Бери, кој му ги скина бојата на гласот, смеењето и гримасите. Многу добар, а тоа го призна и Новак.

Прво ова не е вечера, второ Шарапова ни должи видеа

Славната руска тениска убавица, Марија Шарапова раскажува кога излегла со Новак Ѓоковиќ.

Коментарот на Надал за рекордот на Ѓоковиќ

Ѓоковиќ 24 Гренд слем титули, Надал 22, Федерер 20. Ниту едниот ниту другиот не му честиташе на Новак за неверојатниот подвиг. Шпанецот со малку неочекуван коментар за најновото достигнување на Ѓоковиќ.

Татко му на Ѓоковиќ раскажува кога морал пред турнир да земе 5.000 евра од лихвар

Срѓан Ѓоковиќ бил на тешки маки на ден пред првото патување на Новак во САД на јуниорски Гренд слем. Човекот кој му позајмил пари се изживувал со него и покрај тоа што се работело за најдобриот тенисер во Европа за играчи до 16 години. Збеснал и кршел кога се вратил дома.

Првиот Гренд слем на Ѓоковиќ

Во 25 години, рекордни 24 Гренд слем титули. Првиот секогаш ќе го памети. Го освои против моќниот Цонга, а во полуфинале го елиминираше Федерер.

Сите луѓе околу Ѓоковиќ

Јелена, Дијана и Срѓан Ѓоковиќ, како и Горан Иванишевиќ, не се единствените луѓе кои редовно ги гледате во ложа додека игра Новак. Тој има голема меѓународна екипа која се грижи за него. Да ги запознаеме.

Врвни 10 поени од кариерата на српската тениска машина

Од човек како него со 24 Гренд слем титули, не може да составиш листа на топ 10, 20, 30 поени, туку само ќе извадиш нешто јако од плејадата на импресивните лекции кои ги држи и кои немаат крај. Што има во главата овој човек?, ќе рече Горан Иванишевиќ.