Таг: новак ѓоковиќ

Ѓоковиќ е составен дел од многу животи во кои разбуди море од солзи, радости и емоции

Веројатно секој би можел да го каже своето лично доживување од сите тие натпревари. Оттука и толку многу љубов, ентузијазам и голема благодарност. Тие не го гледаа само Ѓоковиќ, туку и самите себе. Во своите подеми и падови, задоволства и маки.

Алкараз го одбрани Вимблдон, очаен настап на Ѓоковиќ

Во реприза на минатогодишното финале, но со многу помала неизвесност и во пократок меч, Карлос Алкасаз го совлада Новак Ѓоковиќ и стигна до четвртата Гренд слем титула во кариерата.

На Новак му дојде преку дур

За нецели два часа, Ѓоковиќ го збриша Холгер Руне со 3:0 и се пласираше во четвртфиналето на Вимблдон. Во говорот им се заблагодари од срце на сите навивачи кои покажуваа почит, а потоа фино ги подбра хејтерите. Мој мој па преку мој.

Преврна? Нема проблем, Новак и Ник ќе помогнат

Новак Ѓоковиќ и Ник Кирјос во операција роловање, откако преврна дождот на Вимблдон.

Полуфиналето на Англија се славеше и на Вимблдон, Ѓоковиќ со фудбалски потег

Во вториот сет од 3. коло на Вимблдон меѓу Новак Ѓоковиќ и Алексеј Попирин, имаше кус прекин проследен со аплаузи. Ноле сфати за што се работи, публиката ги славеше пеналите против Швајцарија вредни пласман во полуфинале на ЕП.

На Ноле фати да му продаваш финти кроз нозе?

Новак Ѓоковиќ го мина второто коло на Вимблдон против Џејкоб Фернли со 3-1. Го збриша во првите два сета, но потоа се соочи со силен отпор од страна на 14 години помладиот Британец, кој успеа да му го земе само третиот сет. Уживајте во поенот на мечот и хајлајтсот.

Зарем ова е нормално после тазе оперирано колено?

Со триумф против Вит Коприва од 3:0, Новак Ѓоковиќ го стартуваше походот кон осмата титула на Вимблдон. Изјави дека е задоволен како играл и се движел. Како нема да биде задоволен. Гледајте го како клиза.

Kога Роџер и Новак си разменија 41 удар на Роланд Гарос

Веќе фалат овие дуели меѓу великаните, но и во денешно време едниот на 37 години покажува ненормално силна физичка и ментална подготвеност за долги битки и пресврти со помладите во своја корист. Снимкава е од полуфинале во 2011-та кое го доби Федерер.

Друг пат дома да си ги решавате брачните проблеми, цел Париз ве слушна

Ѓоковиќ во неколку наврати беше многу нервозен за време на тешката битка против Франциско Серундоло долга 4 часа и 4 минути и незадоволен од ложата каде седеа Јелена и стручниот штаб. „Би ве убил“, им се обрати Новак, веројатно бидејќи го деконцетрираа со дофрлувања.

Како се рекуперирал Ѓоковиќ после битката до 3 наутро?

Челичниот Новак Ѓоковиќ врза две неверојатни победи на Роланд Гарос со пресврти од 1:2 на 3:2. Во неделата наутро против Музети заглави до ниедно време, а веќе в понеделник од 16 часот го чекаше пресметката против Аргентинецот Франциско Серундоло. Што правел и како се релаксирал во тоа кусо време меѓу двата меча?

Натчовечки поен на Ѓоковиќ

По долгата битка со пресврт против Италијанецот Музети до 3 по полноќ, најдобриот тенисер во светот режираше нов лудачки пресврт од 1:2 на 3:2, овој пат Франциско Серундоло од Аргентина. Ѓоковиќ имаше проблеми со коленото во вториот сет, неколку медицински интервенции, но запна и во нова маратонска претстава од 4 часа и 40 минути победи со (6:1, 5:7, 3:6, 7:5. 6:3). Го имаме поенот на мечот.

Ѓоковиќ во 3 по полноќ да го разбудиш, ќе ти зборува течно француски

Да, битката против Италијанецот Лоренцо Музети му заврши во 3 по полноќ. Водеше 1:0, па губеше 1:2 и на крај му ја сврте на конечни 3:2. Потоа не проба, туку се отвори течно на француски со образложение дека публиката тоа го заслужила.

Новак на друштвени пензионерски игри во Париз

Во саботата ноќта играше маратонски меч до 3 часот по полноќ против Лоренцо Музети кој заврши во 5 сета, а денеска од 16 часот се среќава со Франсиско Серундоло, борба вредна четвртфинале на Роланд Гарос. Во меѓувреме нашол време да се проба малку и во спорт кој се вика бочање.

Страшен контра удар на Ѓоковиќ, АТП победа број 1.100 и прослава со роденденска торта

По елиминацијата во Рим, Новак Ѓоковиќ реши да учествува на турнирот на земја во Женева, како загревање пред Роланд Гарос. Го совлада Германецот Јаник Ханфман со 6:3, 6:3 и обезбеди четвртфинале, а по триумфот организаторите му го одбележа 37-от роденден со торта. Го имаме и поенот на мечот кој се случи во последниот гем од средбата. Ова му е победа број 1.100 на АТП турнирите. Пред него се само Роже Федерер со 1.251 и Џими Конорс со 1.274.

Ѓоковиќ - Иванишевиќ: Пријателство, кавги и успеси

Србин и Хрват заедно против сите. Врска со силни тонови и епохални несогласувања. Споени во пријателство цврсто како карпа кое доведе до 9 Гренд слем титули.

Скорот на Ѓоковиќ против Италијанците

Не е проблем вкупниот биланс на Новак против тенисерите од Италија. Ги победил 50 пати на вкупно 58 соочувања, проблем е што не му оди против нив во последниве 12 месеци.

Ѓоковиќ во расправија со судијата за ситуација која ретко се гледа во тенисот

Необичен поен му зема Нарди на Ѓоковиќ во вториот сет за кој Србинот се бунеше кај судијата. Лука мислеше дека Новак направил дупла сервис грешка, па во еден момент застана во сред игра, но му ја врати топката во поле. Потоа и Новак одигра, но и он застана и го загуби поенот.

Лука Нарди: Секоја вечер пред спиење гледам во Новак

16 години помладиот Италијанец, на Индијан Велс го совлада човекот од кој има постер во соба кој не планира да го тргне. Кој знае какво му е чувството после овој сензационален триумф. Сабајле го гледаш дома на постер, а потоа истиот ден го победуваш на само 20 години.

Мега средба во НБА: Јокиќ, Дивац и Ѓоковиќ

Три српски легенди се собраа на едно место и направија клип кој многу тежи. Никола Јокиќ, Новак Ѓоковиќ и Владе Дивац. Се работи за меч во Лос Анџелес на кој Леброн Џејмс стана прв играч во историјата на НБА со 40.000 поени, но забавата му ја расипа се знае кој, Јокиќ со 35 поени и 10 скока, како и победа од 124:114. Новак го прекина интервјуто за да се поздрави со својот сонародник.

Студенти во САД со воздишки за потегот на Новак

Еден од тренинзите пред стартот на Индијан Велс кој ќе се одржи во периодот 6-17 март, Ѓоковиќ го одржа на универзитет во САД. Се собра голема бројка на студенти кои имаа привилегија да го гледаат во живо и да се сликаат со него. Им приреди и една атракција.

Ѓоковиќ го скина Кирјос

Го фати и по начинот на зборување и по ноншалантноста, па дури и гестикулацијата со рацете ја има. Одличен.

Ѓоковиќ: Ова ми е еден од најлошите Гренд слем мечеви во кариерата

Новак Ѓоковиќ е свесен дека беше целосно под нивото на полуфиналето во Мелбурн. Грешеше многу, нетипично за него на волку важен натпревар, не направи ниту еден брејк и првите два сета ги загуби со 6:1 и 6:2 за помалку од еден час игра.

Најинтересните моменти од историскиот триумф на Синер над Ѓоковиќ

По страшната доминација од 6 години и 33 победи, кралот на Австралија опен потклекна против 14 години помладиот Јаник Синер кој се избори за прво Гренд слем финале во кариерата.