Новинарот на англискиот The Mirror, Нил Меклин е последен во низата англиски новинари кои по секоја цена сакаат да го закачкаат Новак Ѓоковиќ на прес-конференциите. Пред дуелот од првото коло во Лондон, Нил му поставуваше неколку провокаторски прашања на што сега им одговори едно мало девојче од Србија.
По две и пол години Новак Ѓоковиќ не е тенисер број 1 во светот на АТП листата и местото му го зема Енди Мареј. Дежурните критичари во Србија го распнаа на крст како да клизнал 20 места, а оние што го поддржуваат и сакаат и кога губи, ја препорачуваат оваа статија за читање.
Канадскиот тенисер Милош Раониќ се повлече од Мастерсот во Париз, така што Енди Мареј без борба се пласираше во финалето и на тој начин од понеделник ќе биде светски тениски број еден. Финалето ќе му биде важно од неколку причини.
Британецот никогаш не бил поблиску до првото место на ранг листата за најдобри светски тенисери. Иако ретко се среќаваше со играчите од Топ5 и Топ10 на ранг листата, Мареј игра во животна форма и ја стопи разликата со Новак Ѓоковиќ. Ќе стане ли број еден?
Новаќ Ѓоковиќ преку својата фондација организираше хуманитарна гала вечер со цел да собере средства за програмата за предучилишно образование на децата во Србија. Тој собра преку 400 гости од областа на спортот, музиката и модата, а одигра и хуманитарен меч со Надал на кој немаше правило дека мора да иг користат рекетите.
На семинарот „Љубов и мир“ посветен на медитацијата и јогата, присуствуваше и најдобриот светски тенисер Ѓоковиќ кој одржа краток говор за тоа колку него лично му помага медитативниот процес.
Швајцарецот со чешко потекло, Станислас Вавринка е жив доказ како талентот не може ништо без страшно напорна работа. „Само ако вежбаш милион години, ќе успееш“, вели Стен кој почна да му го зема скалпот на Ѓоковиќ во финалињата.
Вавринка го доби финалето на УС Опен против Новак Ѓоковиќ со 3:1 и стигна до првата титула на отвореното првенство во САД. Од богатиот избор на интересни поени за издвојување е овој.
Новак Ѓоковиќ синоќа обезбеди ново 10-то полуфинале по ред на отвореното првенство во Њујорк, а доколку се вратиме во историјата сигурно ќе откриеме дека времето за кое стигна на ова полуфинале е рекордно.
По синоќешниот пораз од Аргентинецот Хуан Мартин Дел Потро (7:6, 7:6), целиот свет можеше да види како изгледа кога на најдобриот му се сруши целиот свет.
Новак Ѓоковиќ по четврти пат во кариерата го освои Торонто, откако синоќа со 2:0 во финалето го совлада Нишикори. По доделувањето на пехарот имаше молба од публиката која му ја ветил на пријател. Баш фино.
Џабе ти се сите титули ако нема некој да ти отпее патриотска, богољубна песна, во која ти соопштуваат дека и вселената навива за тебе. Ноле, без никаков притисок.
Ниш годинава на Олимписките игри во Рио ќе има еден претставник, атлетичарот Ненад Филиповиќ кој по трет пат обезбеди олимписка норма во дисциплината брзо одење на 50 км. Во Бразил ќе патува после трета смена во Јужнокорејската фабрика Јура во Ниш.
На вчерашниот дуел против Шпанецот Алберто Рамос Вињолас во 2. коло од Вимблдон, Троицки урлаше кон судијата: „Ти си комплетен идиот! Ти си идиот, најлош и најужасен судија на светот! Мрш!“. И не му е првпат да гаѓа судии со топчиња и да ги пцуе и навредува.
Најпрестижниот турнир во светот го освојува две години по ред, а сега ќе се обиде да стигне до хет-трик или вкупно четврти во кариерата. Формата му е следна:
Еве статистички податок после кој нема повеќе дискусија: Ѓоковиќ е прв човек откако тенисот е вистински атомски спорт во кој е истовремено e шампион на сите четири Грен слем турнири. Точка и доволно.
По него е наречен еден авион, ужива да го слуша Чајковски, спиел во скривници, а денес е најдобриот тенисер на светот кој го освои и Ролан Гарос, единствениот Грен Слем кој му фалеше.
Новак Ѓоковиќ ги игра последните моменти на финалето од Ролан Гарос во обид да го освои единствениот Грен слем кој му фали во кариерата. Во Билеча, Република Српска, Босна и Херцеговина е опасно да бидеш во близина на овие двајца соседи во тие моменти кои скроз откачија на крајот.
Најдобриот светски тенисер го освои единствениот Гренд Слем кој му недостасуваше, откако попладнево во Париз на Ролан Гарос го победи Енди Мареј со 3:1 во сетови.
На Ноле му годи Париз. Покажа и вчера кога на дожд зема чадор и се шеташе по теренот, а и денес кога со едно од децата задолжени за победа ја заигра публиката. Со денешниот триумф проти Густаво Аутиста Аху (играа три дена поради дождот), Србинот се пласираше во четвртфиналето каде ќе го чека подобриот од мечот Ферер - Бердих.
Отвореното првенство на Франција е немоќно секогаш кога има дожд. Ролан Гарос е единствениот Гренд Слем без покриен централен терен, а причините за тоа лежат во сложената париска бирократија и корупција. Од година во година дождот им прави мака на организаторите.
До почетокот на Ролан Гарос остана уште една недела и списокот на главните кандидати за трофејот на земјениот турнир е утврден. Шеста година главно прашање е: Може ли Ѓоковиќ до единствениот Грен Слем кој му недостига во колекцијата?
Децата задолжени за топчињата на тениските мечеви често се во фокусот од разни причини поврзани со тенисерите и со нив се наоѓаат на насловните страни.