Таг: никола јокиќ

Касиерка во Босна му влегла на Јокиќ со врвен муабет

Сегде го има. На ракија во клуб во Лас Вегас, на баскет со другарите во Сомбор, на коњички трки во Неапол и на крај во супермакет во Горажде, град во БиХ. Стигнал на каса со пивото, а касиерката која очигледно нема појма од спорт му рекла вака: „Леле сине колкав си, ти си само за кошарка“.

На пиво со Јокиќ во Неапол

Никола Јокиќ не е непредвидлив само со потезите на терен, туку и кога не игра кошарка. Човеков изгледа скроз не го интересираат мориња, јахти и ред други луксузи каде богатите спортисти обично се опуштаат после напорната сезона. Еден ден игра баскет во Сомбор со другарите од маало, друг ден го начекуваат на хиподром во Италија.

Најдоброто од сезоната на Никола Јокиќ

Имаме 25 минутна кошаркарска поезија која Денвер Нагетс ја спакува во еден клип кој го изгледавме во еден здив. Точен, прецизен, непредвидлив, интелигентен, несебичен, рационален, моќен, самоуверен. Џокер е уникатен лик каков што немала НБА до сега. Владее со баскетот.

Јокиќ и Гордон со ракија во диско во Лас Вегас

Заслужениот одмор на НБА шампионот и МВП-то, од Сомбор продолжува во САД, каде со Арон Гордон и останато друштво се забавуваат во Лас Вегас со ракија.

Клучниот момент по кој Јокиќ стана број 1 во свет

Заборавете на сите приказни поврзани околу Никола Јокиќ и неговиот прогрес во кариерата. Го имаме најдоброто објаснување за патот на буцкото од Сомбор до САД. Браво, убав лик. А малиот пак едвај го издржа ова снимање.

„Сака некој на баскет?“, 12 години подоцна

Двократниот МВП на сезоната во НБА и МВП во годинашниот плејоф, како и шампион со Денвер, не е на Бали или Малдини, туку одмара во родниот Сомбор каде ги собрал на баскет другарчињата од маало. Мангупиште.

Оди најди појак имитатор на Јокиќ да те видам

Прво дечково е комедии, второ е страшно талентиран за имитирање, а очигледно е и популарен со оглед на фино развиените социјални мрежи каде ќе го најдете како Maxisnicee. Абе дали е свесен колку го кине? Секој потег му го вади и целосно му го доловува оној уникатен стил кој го нема друг играч во НБА. Па тоа тромавите покрети па. Абе денот ни го направи.

Цела Америка му се поклонува, а него не му чуе за рекордите

При Џордан, Леброн, Коби, Шек, Меџик и цела плејада на легенди, доаѓа едно скромно момче од Сомбор кое до вчера бараше другари за баскет преку Фејсбук и станува прв кошаркар во историјата  со 30+ поени, 20+ скока и 10+ асистенции на меч од НБА финале. „Не ми е гајле, тоа е само статистика“, вели после мечот. Џабе го прашуваат на темава.

Како изгледал скаутингот за Јокиќ кога бил избран во НБА?

Проценките се ужасно лоши, посебно ако се земе предвид што им прави на Американците изминативе три сезони. Го опишале како просечен спортист.

Забавната страна на НБА финалистот Никола

Кевин Дурант за него изјави дека ќе стане еден од најдобрите центри што некогаш допрел баскет, а Леброн го нарече ѕвер и рече дека е посебен. А тоа е едно така едноставно и скромно момче, што сака да јава коњи и да се забавува под кошевите. 

Совршено несовршениот шут на Џокер

Бошко Караџа, одличен познавач на НБА лигата, кој беше дел од Јутјуб подкастот „Стречерси“, преполн со анализи за американската кошарка, има да ви каже неколку поенти за чудото од Сомбор. Посебно за начинот на кој Јокиќ ја постигна една од тројките против Лејкерси на четвртиот и последен меч од финалето на Западот.

Скромноста на Јокиќ кога го прашаа за Ѓоковиќ

Со оглед на тоа што и на двете големи ѕвезди и сонародници им престои можност за освојување на големи пехари, Јокиќ во НБА финалето, а Ѓоковиќ на Ролан Гарос, Џокер доби прашање дали ќе се слушнат со Новак. Одговори прескромно.

Што е со тројкиве на Јокиќ?

Не се чува овој човек. Кога мислиш дека на тој габарит кој делува тромаво треба да му најдеш чаре во рекетот, тој ќе те изненади со нешто друго или скроз трето. Погледнете му овие две тројки. Каква е оваа храброст и дрскост? Ги шутира како за добро утро. Неверојатен лик за кој Кевин Дурант отворено кажа дека ќе стане еден од најдобрите центри што некогаш допрел баскет.

Денвер ги збриша Лејкерси за историско финале, нов трипл дабл на Јокиќ и МВП награда

И покрај тоа што за едно полувреме им дадоа 73 поени од кои 31 беа на Леброн и водеа 15 разлика, Лос Анџелес Лејкерс едноставно во оваа финална серија не можеше да излезе на крај со Јокиќ и другарите.

Една е ќерка

Колку и да се губи меѓу големите, не можеш да го промашиш, твое си е. Никола Јокиќ после втората победа против Лејкерси во финалето на Западот.

Нова лекција на Јокиќ со трипл дабл, Денвер - Лејкерси 2:0

Нагетси ја одбранија и втората битка на домашен терен против Лос Анџелес Лејкерс пред серијата во финалето на Западот да се пресели на гостински терен. Импресивни 23 поени за Мареј во последната четвртина.

Шек и Баркли му дадоа нов прекар на Јокиќ

Легендите Шекил О’Нил, Кени Смит, Чарлс Баркли и Ерни Џонсон секоја емисија од уста не го видат Никола и на најновото издание го нарекоа Супермен.

Трипл дабл број 12 во плејофот за Јокиќ, Денвер - Лејкерси 1:0

Спектакуларен старт за Никола Јокиќ во финалето на Западната конференција значи прва победа над Леброн Џејмс и дружината во битката најавувана како финале пред финалето во НБА лигата.

Луда тројка на Јокиќ како од шала

Ќе речеш на центарот работа му е да се рова под коша, ама нема, тоа е Јокиќ. Во еден момент е Шек, во друг Кари. И самиот рече дека шутов е луд на кој не е дека работел.

Нова ѕверска партија на Јокиќ и нов трипл дабл за финале на Денвер

Толку требаше. Само два дена откако ги растури дома, им отиде на гости и им ја заврши сезоната. Јокиќ го врати Денвер во финалето на Западната конференција по пауза од три години.

Тренерот на Денвер: Најважното и најимпресивното кај Никола е тоа што е многу скромен

Со врвната кошарка во последниве три месеци, Јокиќ стана шести играч во историјата на НБА со 100 трипл дабл учиноци во кариерата. Големиот подвиг го смести во страшно друштво со Расел Вестбрук, Оскар Робертсон, Меџик Џонсон, Џејсон Кид и Леброн Џејмс. 

100 секунди лекции по кошарка од 100-от трип дабл на Јокиќ

Со 14 поени, 11 скока и 10 асистенции против Хјустон Рокетс кој Денвер го доби со 133:112, Никола Јокиќ стигна до 24-от сезонски трипл-дабл и јубилеен 100-ти во кариерата. Неверојатен лик. Како сака им ја игра кошарката на Американците.

Елегантни поени на Јокиќ на 16 секунди до крај вредни победа за Денвер

Нема одбрана што може да го сопре Никола Јокиќ. По два меча пауза се врати на паркетот и му донесе триумф на својот тим со нов трипл дабл кој му стана рутина.