Таг: никола јокиќ

Зад сцената на големото изненадување на Денвер во Сомбор

Никола Јокиќ е првиот кошаркар во историјата на НБА лигата кој МВП трофејот го доби во штала, во неговата оаза на мирот кај коњите. Денвер Нагетс предводени од тренерот и претседателот патуваа специјално за него од САД до Србија и му приредија импресивно и уникатно изненадување за кое се договарале со неговата сопруга Наталија. Тешката кугла во форма на баскет ја мкнеле по аеродроми и ја донеле читава. Како изгледаше овој фантастичен гест зачинет со тамбураши на кој Никола заплака од возбуда.

Врвна компилација на потези на МВП-то Никола Јокиќ

Тројки од паркинг, доминација под кош, пасови со лажни очи, блокади...Денвер Нагетс го спакува најдоброто од сезоната на првиот човек во историјата на НБА лигата кој МВП признанието го доби во штала.

Јокиќ го прими МВП признанието пред штала во Сомбор со тамбураши

Никола Јокиќ втора година по ред ја освојува МВП наградата која се однесува на регуларниот дел на сезонава на НБА лигата и со тоа влезе во одбрано друштво со имиња како Мајкл Џордан, Леброн Џејмс, Меџик Џонсон, Тим Данкан, Стив Неш...Ја прими емотивно во родниот Сомбор откако заврши со јавање, а на гости му дојдоа главните луѓе од клубот.

Интервју на Јокиќ на 19 години во кое како да сака да каже дека не го бива

Јокиќ во 2014: „Сите скокаат толку високо. Јас не скокам, туку само играм кошарка еден на еден, два на два, така нешто. Јас не скокам високо, не трчам брзо“. Јокиќ во 2021: МВП на сезоната во НБА.

Со Јокиќ ми се падна да играм еден на еден, ама ми го зема паметот

38 поени, 12 скокови и 7 асистенции или во превод нова фрустрација за противниците, овој пат кошаркарите на Сакраменто кои беа поразени со 106:100 од Денвер. Демијан Џонс се соочи со МВП-то на сезоната, па да видиме како тоа изгледаше.

Никола Јокиќ сака да ви покаже нешто

Ако минатиот пат рековме дека и на газот има очи, тогаш ова што е? Американците го опишаа како no-look pass with spin. Неверојатен е човеков со додавањава.

Комбинацијата Јокиќ - Морис за победа на Денвер со звукот на сирената

Денвер Нагетс го доби дербито на вечерта против Голден Стејт со 117:116, а број 1 на паркетот веќе по кој знае кој пат беше актуелниот МВП во НБА лигата.

Јокиќ и на газот има очи

Денвер го доби дуелот против Њујорк со 132:115. Србинот повторно доминираше со 21 поен, 11 скока и 7 асистенции. Не е жив ако не направи некоја мајсторија во свој стил. Од нигде никаде ги вади додавањава.

Јокиќ се загрева, а за во позадина ечи „Зицер“ од Карлеуша

Ај што Балканци газат во НБА, него јакото е што турфо фолк им рокаат во сала. Пред дуелот меѓу Денвер и Далас, односно Јокиќ vs Дончиќ, на загревање одеше нумера од извесна Оља Карлеуша која се вика „Зицер“ и на која Никола држеше ритам со глава.

Комедии со Јокиќ на фрлање топка, судијата прсна од смеење

Ако изминатиов период беше почесто во кавги со судиите, овој пат во Лос Анџелес мечот не можеше да стартува поради неговите будалаштини. Циркуз направи, а на тоа не можеше да одолее ниту судијата.

Играч на Шарлот правеше циркузи за да го деконцентрира Јокиќ

Шарлот Хорнетс го доби Денвер Нагетс со 115:107, откако во последната четвртина направи лудило од пресврт и ја доби со 38:13.

Јокиќ како обезбедување, го смируваше тренерот да не се степа

Никола Јокиќ одигра уште еден маестрален меч, постигна 30 поени (7/13 за два, 3/4 за три и 7/9 слободни фрлања) со 7 асистенции и 1 блокада. Но неговиот Денвер Нагетс на крајот изгуби убедливо со 103:89 од Филаделфија. Мечот го одбележи инцидентот кој го направи тренерот на Нагетс Мајк Мелоун кој после шест минути игра во трета четвртина беше исклучен поради приговор.

Шек и Баркли едногласни: Ако некој те удри, одиш и му враќаш

Инцидентот меѓу Јокиќ и Морис доби медиумско продолжение, а свое мислење дадоа и двајцата легенди кои во една прилика не поминаа само со буткање кога се рчнаа меѓу себе. Да ги чуеме нашите јунаци од детството, кои биле на вечера после таа тепачка.

Снимка од друг агол, каде Јокиќ јаде удар во колено

Никола Јокиќ призна дека имал глупава реакција после фаулот на Маркиф Морис, ама па друга снимка се гледа дека ни тој не бил нежен. Србинот добро што не се повреди, бидејќи кошаркарот на Мајами освен со рака, го удира намерно и во колено по што Јокиќ збесна.

Јокиќ ги загуби нервите, со еден удар го патосираше Морис

Кошаркарите на Денвер Нагетс го совладаа Мајами Хит со 17 поени разлика. Никола Јокиќ оствари трипл дабл, но сето тоа отиде во сенка на глупоста која ја направи МВП-то на минатата сезона.

Финецот Марканен заби преку Јокиќ за потег на колото во НБА

Никола Јокиќ на врвен начин ја почна и новата сезона. Но момент на слава синоќа во НБА доби и Финецот Лаури Марканен од Кливленд кој заби преку српскиот репрезентативец. На крајот Кавалирс беа поуспешни од Нагетс со 99:87. Јокиќ го заврши мечот со 24 поени и 19 скока и 3 асистенции.

МВП-то на НБА Јокиќ се врати на работа

Најдобриот кошаркар во НБА за минатата сезона, Никола Јокиќ ја отвори сезоната со маестрална партија. Во триумфот на Денвер Нагетс против Санс, Србинот постигна 27 поени, 13 скока и имаше 2 асистенции и 2 украдени топки. Нагетс славеа 110:98.

Сезоната во НБА уште не е почната, а Јокиќ веќе асистира како што сака

НБА тимовите со контролни натпревари се загреваат за новата сезона која стартува за 10 дена. Шоуто го најави Дончиќ уште на загревање, а Јокиќ против Минесота сервираше пас како на фудбал. Како круша ја фрли и му ја даде на тацна на Арон Гордон.

Јокиќ ужива во летото и чашката

Откако реши да не игра во квалификациите за Олимписките Игри на што српската јавност реагираше бурно, Никола Јокиќ одмора во својот роден град Сомбор по напорната сезона во НБА каде беше прогласен за најдобар играч - МВП. Наскоро треба да стане најскапо платен кошаркар на светот кој ќе заработува 250 милиони долари за пет сезони.

Јокиќ и Денвер одиграа партија сервис и го поканија Меси

По шокантната вест дека Аргентинецот после 21 година заминува од Барса, се распали интернетот. Денвер Нагетс споделија едно видео на кое се гледа како Јокиќ, Кампацо и соиграчите играат сервис, со натпис над видеото: „Еј Меси... мислиме дека добро би се вклопил овде“.

Дремеш во дуќан на полноќ и ти се појавува МВП-то од НБА

Остај ти МВП, пивце му снемало на човекот. Лето е.

Јокиќ во гужва, неговите браќа сакаа да влетаат во терен

Никола Јокиќ не можеше сам. Откако ги одигра буквално сите натпревари во регуларниот дел и стигна до полуфиналето на Западна конференција, таму Феникс Санс го демолираше Денвер со 4-0.

Никола Јокиќ искрено за тоа што помислил на првиот тренинг во НБА

Никола е роден на 19 февруари 1995 година во Сомбор. Има 26 години. Почнува да тренира во Војводина од Нови Сад, па после во Мега. На 20 години од Мега Баскет преку НБА драфтот оди во Денвер Нагетс. И во една прилика раскажа што помислил кога излегол на паркет на првиот тренинг.