Таг: нејмар

Фелипе Луиз му одржa предавање на Нејмар

Тренингот на Бразил беше прилика, бекот на Челси да му покаже на Нејмар дека не се само напаѓачите технички добро потковани.

Уметноста на Нејмар и Хашим Мастур

Во промотивен спот за Ред Бул, Бразилецот и 16-годишниот Мароканец кој од летово влезе во првиот тим на Милан прво играа фудбалче на Плејстешјн, а потоа покажаа малку магија во живо.

Нејмар ги наполни Јапонците со 4 гола

На пријателски меч во Јапонија, бразилската ѕвезда запна да си го зголемува бројот на голови за репрезентација. На само 22 години стигна до 40 на 58 натпревари и е петтиот најдобар стрелец за Бразил.

Автограм од 6 илјади евра

Бразилецот Нејмар како да подзаборави дека не е на УС Опен и дека не смее да се потпишува на навивачите за време на загревањето, па радоста на фанот на Виљареал за добиениот автограм ќе ја плати 6 илјади евра.

Нејмар му прости на Ѕунига и го предизвика во ајс бакет

Бразилскиот ас се вклучи во хуманитарната иницијатива, во која многу јавни личности собираат средства во борбата против Лу Гериг болеста т.е. латералната склероза. Најхрабро одигра Леброн Џејмс кој го предизвика Барак Обама.

Нејмар на терен "везе" на аутоматик

Јапонски невролози објаснуваат дека Нејмар воопшто не размислува како игра фудбал, бидејќи пресметале дека кога тој влегува во игра неговата мозочна активност е на помалку од 10% од мозочната активност на аматерски фудбалер.

Внимателно со „парадиња“ пеналот

Изведувањето на ударот од 11 метри под називот „парадиња“ е пред да шутнеш да земеш долг залет за да го измамиш голманот и да го натераш да се фрли предреме, по можност на погрешна страна. Нејмар успешно го изведе во осминафиналето против Чиле, а го вежба и пред мечот со Колумбија.

Нејмар има специјален однос со децата

Со 22 години и малку искуство во спортот, ѕвездата на Бразил има манири за пример со своите фанови. На четири дена пред стартот на најголемиот спортски настан за годинава тој ја “стоплува“ атмосферата во тимот и кај навивачите со две минути работа.

Натпреварот пред натпреварот

Најдобрата реклама за Бразил 2014-та до сега, што никаде не го спомнува Бразил 2014-та. Рекламата е за Beats Audio слушалките, и е сериозен аргумент зошто Оскар би требало да воведе категорија - реклама на годината. Во неа многу луѓе - Нејмар, ЛеБрон, Сања, Швајнштајгер, Фабрегас, Суарез, Серена Вилијамс, Рио Фердинант... и многу луѓе што имаат своја репрезентација за навивање на Светско. "Трчај како да си лудак што ја брка среќата."

Покрај Нејмар со споени нозе

Ако случајно некогаш го сретнете Нејмар, за секој случај спојте си ги нозете. Можеби и вас ќе ви протне топка.

Меси, Роналдо и Нејмар на бостан

Атмосферата во Бразил пред почетокот на Светското првенство до толку е подгреана што еден готвач почна да ги резба ликовите на Лионел Меси, Кристијано Роналдо и Нејмар на лубеници.

Нејмар: Ќе ме стави ли на список?

Во домашна и опуштена атсмофера двете ѕвезди на Барселона заедно со другарчињата, во живо го следеа моментот кога селекторот Сколари ги читаше 23 среќници кои ќе го бранат националниот дрес на најголемиот светски спортски настан на свој терен. Алвеш искулирано го гледаше пресот, додека Нејмар имаше малку трема.

Бананата на Алвеш била испланирана кампања

Кога фудбалерот на Барселона, Дани Алвеш ја изеде бананата фрлена на теренот од страна на навивач на Виљареал, тој започна глобална анти-расистичка кампања која била претходно испланирана.

Нејмар падна на своја финта

Бразилецот Нејмар е познат по своите дриблинзи, а посебно по протнувањето на топката низ нозете на противникот, но и тој знае да наседне на истата финта.

Нејмар е најкористен за репрезентативните настапи

На нешто повеќе од два месеци до стартот на Мундијалот се појавија интересни детали околу земјите учеснички кои еден месец секојдневно ќе не држат пред ТВ. Скоро половина од репрезентативците кои ги однеле своите селекции на светско, играат во најсилните топ  5 лиги.

Почетоците на Нејмар

Првите финти и голови на талентираното дете од Бразил кој уште како копиљ ги растурал своите врсници, па се до остварувањето на статусот ѕвезда во екипата на Сантос.

Незнајкото Тијаго Силва

Капитенот на Бразил јавно кажа на кого му ги дал своите гласови за најдобар фудбалер за 2013 година, но не знаел дека смее да гласа и за свој колега од репрезентацијата.

Нејмар, Јанг, Видал... и другите фудбалски фолиранти

Нејмар одглуми пенал против Милан, претходно тоа му успеа и на Јанг од Манчестер Јунајтед против Сосиедад, но не и на Артуро Видал од Јувентус кој беше фаулиран од тревата на Сантјаго Бернабеу. Ова се дел од неубедливите фолиранти.

Најдоброто од Нејмар

Нејмар да Силва Сантос Жуниор веќе долго време не импресионира со неговите потези во дресот на Сантос, а сега и во Барса. Ако нешто сте пропуштиле, ова се најдобрите, но и не толку славните моменти од неговата кариера во гиф формат.

Голчиштето на Нејмар од птичја перспектива

За време на Купот на конфедерации Бразилците користеа беспилотни летала - дронови за да ја следата безбедносната ситуација околу стадионите, а еден од нив го сними и голчиштето на Нејмар против Јапонија.

Новата ѕвезда на Барселона под специјален режим пред дебито

Клупскиот доктор на Каталонскиот тим, Данил Медина го посети Нејмар во Бразил каде ги оперираше крајниците, а отпатува со целосна програма со која младиот напаѓач треба да биде во топ форма пред првиот меч на 2 август кој ќе го игра против неговиот довчерашен клуб Сантос.

„Нејмароманијата“ се шири насекаде

Додека Лионел Меси и Кристијано Роналдо се натпреваруваат кој е подобар и попопуларен, бразилската сензација сe стекнува со мега популарност.

Меси го победи Нејмар

Новите соиграчи Лионел Меси и Нејмар одиграа еден против друг на пријателски натпревар во главниот град на Перу. Меси и пријателите го победија тимот на светот, но шоуто го украде Нејмар.