Бразил има 3 од 3 во Копа Америка, ама последниот триумф над Колумбија од 2:1 го оствари на иле. Во голот за израмнување учествуваше судијата, а победничкиот падна во 10-тата минута од продолжението. Инаку пасот на Фирмино е баш бразилски.
Бразилската ѕвезда во ПСЖ е далеку од тоа што е на пример еден Меси за Барселона, се согласувате нели? Пазете ги сега овие бројки. Ништо не се менува во однос на победи кога тој е во составот, напротив кога го нема во тим помалку губат. Можеби неочекувано, ама вистинито.
Четврфиналниот двобој кој дефинитивно направи најголем ќеиф до сега е мега битката меѓу ПСЖ и Баерн. Две средби со многу трчање, дуели и жар, ама и многу шанси на двете средби. Само Нејмар синоќа имаше четири.
Од десетина неверојатни шанси на двете страни, пречки и одбранети зицери, најинтригантен момент беше бурната прослава на Нејмар и Леандро Паредес во лице пред Јошуа Кимих.
ПСЖ и Башакшехир вечерва го доиграа прекинатиот меч. Почнаа од 14' минута а веќе во 21-ва Нејмар го отвори резултатот со мајсторски гол. Бразилецот постигна 3 гола, Мбапе 2 и Парижаните одат во нокаут фаза од групата од која испадна Манчестер Јунајтед.
Фудбалскиот свет и натаму се простува со Диего Армандо Марадона кој почина пред девет дена. За најголемиот зборуваат и денешните, современи ѕвезди на фудбалот.
Главен јунак на Бразил на мечот против Перу на гости во квалификациите за Светско првенство 2022 стана Нејмар. Бразилците се извадија со 2 пенали и со црвен за домашните кои водеа 2-1, ама ретко кој го спомнува и малку познатиот голман на кариоките.
Со два порази по ред на отворањето на француската Лига 1, ПСЖ го има најслабиот старт во последните 40 години. Синоќа изгубија од најомразениот ривал во лигата, Марсеј кој славеше со 0-1. Но дербито остана во сенка на многу тепачки и прекини на теренот.
Бразилскиот ас не успеа да го освои вториот пехар во Лига на шампиони, а откако синоќа изгуби од Баерн, срдечно му честиташе на ривалот на Твитер, ама место Баерн, пишал Баер. И толку требаше.
Бразилецот им извади душа на Италијанците со многу трчање, дриблинзи и пасови и му недостасуваше само финиш за кој се погрижија другите. Го израмни и рекордот од 16 дриблинзи на еден меч во ЛШ, кој прво го постави Хавиер Занети против Динамо Киев во 2003-та, а го повтори Меси против Манчестер Јунајтед во 2008-ма.
Тимот од Бергамо има сензационално водство од 1:0 на полувреме против богатиот ПСЖ, кој пак имаше чиста шанса да го отвори веднаш резултатот. Нејмар излезе сам пред голман, а Мбапе се држеше за глава кога го виде што промаши.
Парижани се спремаат за нокаут мечот од ЛШ против Аталанта и до сега одиграа три подготвителни меча кои ги добија убедливо со гол разлика 20:0. Синоќа го победија Селтик со 4:0, а погледнете каква топка му даде Нејмар на Мбапе по само 50 секунди игра.
Трансферот на размазената ѕвезда од 222 милиони евра беше ван секој памет. Не знаеме дали и каква клаузула има во договор во однос на бројот на настапи, ама “операцијата Нејмар“ им излезе ултра скапа во однос на тоа колку го има на терен.
Бразилецот покажа зошто важи за еден од најскапите фудбалери на планетата. Одигра маестрално против Дортмунд во реваншот и беше главен творец на триумфот од 2:0 кој го однесе Пари Сен Жермен во четвртфиналето на ЛШ. Кога даде гол за 1:0 го имитираше Ерлинг Халанд со неговата прослава на гол од првиот меч.
Батали ти Халанд, Борусија и пораз во ЛШ, дај ние да се направиме летви вечер на роденден. На кого му е? Па Кавани и Ди Марија на ист ден се родени, 14-ти февруари, а Икарди на 19-ти. Во ист ден ќе го слават тројцата, Ванда ќе организира забава.
ПСЖ го совлада синоќа Реимс со 0:3 во Лига Купот, натпревар на кој гостите имаа простор и за изигрување на бесни глисти. Пасот на мечот, денот и сезоната го има Нејмар кој ја додаде како на сервис во маало, а Мбапе се претвори во Жарко Пешевски.
Се разбира дека не очекувавме да стави фотка на Инстаграм како прави склекови и стомачни, ама очекувавме барем да се движи нормално и без придружба. Гипс е направен.
Капитенот на Португалија е најплатен спортист на Инстаграм. Според резулатите од едно истражување на аналитичката компанија Хупер, Роналдо земал двојно повеќе пари од оваа социјална мрежа отколку што му даваат на северот од Италија.
ПСЖ ја затвори групната фаза со тоа што го нокаутираше турски Галатасарај со 5:0. На петтиот гол му претходеше интересен момент, многу поинаков од оној каков што имаа Кавани и Нејмар пред некое време.
Како што се наближува почетокот на 2020-та година, така полека може да се заокружи циклусот на најпознатите фудбалски погодоци во изминатите 10 години. Речиси сите се познати, а има и некои кои сме ги подзаборавиле.
Бразилецот полека ги смири страстите кои во Париз ги предизвика со упорното инсистирање да се врати во Барселона. Навивачите го пцуеа, го гаѓаа со разни предмети, дури и не славеа негов гол за ПСЖ. Ама како одмина времето од летово наваму, пак го засакаа.
Милано. Градот на модата, елитата и гламурот. Оперскиот театар Ла Скала, на сцена маестро Андреа Пирло кој отвора коверт и го објавува името на Силвија Греко - жената која победи во номинацијата навивач на годината на церемонијата FIFA The Best.