Екипата на Бурсаспор загуби со 2:0 на гостувањето кај Касимпаша, а нивните навивачи секако не беа задоволни со резултатот. Еден од нив сакаше да го нападне голманот Харун Текин и долго време ќе се кае за ова негово влегување на терен. За неговата реакција ќе се кае и самиот голман кој на крајот го фрли дресот и стана најомразен фудбалер во неговата екипа.