Таг: музеи

Поради зачестените протести по музеите, цената на билетите најверојатно ќе расте

Министерството за култура на Италија размислува за зголемување на цената на билетите за сите музеи во земјата. Ова беше соопштено од министерот Џенаро Санџулијано, а е резултат на климатските протести чија мета се скапоцените уметнички дела. Не би изненадило овој пример да го следат и музеи и галерии во други  земји. 

Доктори во Брисел препишуваат музејски посети како терапија

За да ја поттикне грижата за менталното здравје, една од најголемите болници во Брисел тестира програма која вклучува бесплатни посети на музеи. 

Виенските музеи најдоа начин како да презентираат голотија на социјалните мрежи

Можеби ви се случило - објавувате врвно уметничко дело (слика, скулптура или фотографија) на кое има голотија, и социјалните мрежи ви го банираат, заканувајќи се да ви го блокираат и профилот. Откако ова редовно им се случувало на виенските музеи кои никако не можеле да се разберат со Фејсбук, Инстаграм и ТикТок, дека Егон Шиле и Климт не се порно содржини, тие одлучиле да си отворат профил на Онли фанс - социјална мрежа наменета само за возрасни.

Предизвик за археологијата на иднината: како да се конзервираат предмети од пластика?

Касетофони, предмети за домаќинство, играчки, па дури и цели автомобили. Сите тие се наследство од 1990-тите кои треба да се најдат во колекциите на музеите посветени на дизајнот и на историјата воопшто. Но кои се најдобрите начини да се сочува овој материјал?

Зошто музеј во Амстердам ќе престане да го користи терминот „холандско златно доба“?

Во 17 век Холандската република станала светска сила, а нејзината просперитетна економија придонела за процут на уметноста и културата. Тоа било ера на еден Спиноза и Хигенс, на Рембрант и Вермер, која историчарите долго време ја нарекуваа „златно доба“ на земјата. Но еден холандски музеј реши да престане со оваа практика.

Нова дефиниција на „музеј“ предизвикува меѓународна дебата

ИКОМ (Меѓународниот совет на музеи) во септември треба да гласа за редефинирање на самата институција со чиј развој и заштита се занимава. Предложената промена вклучува термини како „социјална правда“ или „глобална еднаквост“. Критичарите велат дека за повеќето музеи ова е идеолошки обременета дефиниција.

Гугл части гигапикселни фотографии на славни дела

„Голем дел од убавината и моќта на уметноста е во деталите" - вака почнува соопштението за јавноста издадено од Институтот за култура на Гугл, со кое се промовира нивниот уметничко-архивистички проект.

Ја умирисавме Мона Лиза

Лувр годишно собира 9,3 милиони посетители, Британскиот Музеј има 6,7 милиони туристи, а Музеите на Ватикан собраа 5,5 милиони посетители. Проблемот е што некој треба да луфтира после сите овие.