Египќанецот со уште еден убав гол, којзнае кој по ред, го однесе Ливерпул во осминафинале од Лига на шампиони. Подвизите на Салах се стварно надреални.
Најголемата египетска ѕвезда го испочитува тоа што оваа жена тепала пат од неговата земја до Ливерпул, само за да го гледа во живо во ЛШ. По мечот со Ѕвезда тој и го подари дресот, а таа дојде спремна со подарок.
Иако сè уште ја бара ланската форма, сепак на ѕвездата на Ливерпул не е дека воопшто не му работи левицата. Во квалификациите за Африканскиот Куп на нации, Египет го совлада Свазиланд со 4:1, а ремек делото е на Артим Наташа Мохамед Салах.
Капитенот на хрватската репрезентација Лука Модриќ ја доби наградата во Лондон од ФИФА за најдобар играч на годината и ја прекина доминацијата на Кристијано Роналдо и Лионел Меси кои владеат од 2007 година.
Добри вести стигнуваат за милиони Египќани, нивниот најомилен фудбалер во историјата заздравува после повредата на рамето и би требало да стартува на отворањето со Уругвај во петок. Само што една будала реши да го фати за повреденото место.
По загубеното финале на Лига на шампиони од Реал, Јирген Клоп не го критикуваше Кариус, но призна дека повредата на Мохамед Салах ја скршила неговата екипа.Притоа не баш сите сфатиле што така лошо се случи со Египѓанецот по дуелот со Серхио Рамос после кој Салах го напушти теренот.
Петицијата за да се казни стоперот на Реал не е единствениот начин на кој се крена галама за тој контроверзен фаул во финалето на ЛШ. Зафатот на Рамос не бил дозволен ниту во џудо.
Најнепосакуваната контра на сезоната за секој тим во ЛШ беше дефинитивно онаа на Ливерпул. Со 29 гола триото стана најефикасно во историјата на ова натпреварување. Дами и господа во 2 и кусур минути ви ги претставуваме осите кои не се сопираат: Салах, Фирмино и Мане. Вистинскиот тест ќе го имаат на 26 мај во Киев, против европскиот првак.
Дел од големото ривалство во фудбалот е и тоа како да му се ситиш на другиот кога ќе го загуби најважниот меч во сезоната. На навивач на Лацио му текна нешто. Извади стар дрес од шампионската генерација 1999/2000 и последната буква од презимето на чилеанскиот напаѓач ја смени за да го добие презимето на Еѓипќанецот кој ја уништи Рома во полуфиналето од ЛШ.
Цел свет го величи и го споредува со Меси, ама знаете како велат, никој не е совршен. Херојот на Ливерпул и цел Египет кој ќе се бори за трофеј за Лига на шампиони и Златна копачка само ќе загуби во очите на јавноста ако го повтори овој непотребен потег.
Во Египет имало неколку клонови на Мо но никој не личи на него како двојникот со кој се сретнал неодамна. И сега кога навивачите на Ливерпул ќе пејат: „Еден е Салах, алеа еден е Салах“, не знаеме баш дали е така.
За најголемиот хит меѓу напаѓачите оваа сезона кој на 26 мај ќе се бори за највредниот трофеј на клупски план, навивачите на Ливерпул смислија нов хит кој го згрмија со пивце во паб. Одлично звучи.
Роналдо, Бејл и Бензема на 26 мај во Киев ќе си имаат работа со најефикасното трио сезонава во Лигата на шампионите. Статистиката ги смести Салах, Фирмино и Мане на пиадесталот. Ниту едни други тројца од иста екипа не успеале да постигнат толку голови во само една сезона.
По многумина најдобриот играч сезонава во Лига на шампиони вечерва се враќа во Италија - земја во која заигра на врвно ниво но и каде го обвинуваа за анти-семитизам и за расизам.
И стрелецот број 1 во Европа е човек од крв и место, ама графичарите во режија не веруваат дека може да промаши вако зицер кога е во дуел со голманот, па во 5-та минута му впишаа водство на Ливерпул.
Мохамед Салах е египетското чудо за кое зборува светот. Во првиот полуфинален меч од Лигата на шампионите ѝ даде два гола на Рома и плус намести два други гола (5:2). Но не заборави на тифозите кои го почитуваа.
Со 2 гола и 2 асистенции Мохамед Салах блесна против Рома и се искачи на врвот на листата на стрелци во Европа со 43 гола на сите натпреварувања. Никој веќе не штеди зборови за брзоногиот Египќанец кој ја игра сезоната од соништата, а нема штедење и во идеите како во иднина да изгледа Енфилд. Можеби и ја заслужува Златната топка, доста веќе со Меси и Роналдо.