таг: манчестер јунајтед

Јунајтед конечно победи на гости, ама капитенот го утна протоколот

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед го совладаа Партизан на гости со 0:1 и ја прекинаа лошата серија без гостински триумф која им траеше од март месец кога го изненадија ПСЖ во ЛШ. Борусија Менхенгладбах и скина бод на Рома со пенал во 95-та. Повеќе

Кога Ибрахимовиќ му предложил кладба на Лукаку

Во прилично долго интервју за Газета дело Спорт, Златан Ибрахимовиќ меѓудругото раскажал и една анегдота за Лукаку. Повеќе

Само за кого ја давате оваа пара?

Со никакви успеси, никакви резултати, па и никаква игра во изминативе 6 години откако се разделија со Ферги, Манчестер Јунајтед постави рекорд во најнеадекватниот период од својата историја. Достигнаа безобразно највисок плафон на плати во историјата на лигата. Повеќе

14-те правила на Гери Невил за да се стане прав играч на Манчестер Јунајтед

Сакате наречете ги правила, сакате совети. Битно тие се поставени од страна на Невил на влезот од академијата. Во едно време кога се создадоа душата и симболите на клубот во ерата на Фергусон. Генерацијата 92`. Станаа легенди и примери од кои многумина може и треба да учат. Повеќе

Не само што не ја прими, туку се самоиздрибла

Агонијата на Манчестер Јунајтед продолжува и со 11-то гостување по ред без победа на сите натпреварувања. Овој пат загубија од Њукасл со 1:0 и сега се 12-ти со 9 бода по 8 кола. Нивниот старт сезонава најдобро се опишува со потегов на Фред. На Переира не му се веруваше што гледа. Повеќе

До каде отиде гневот на навивач на Јунајтед

Преполнет со негативна енергија и разочарување по сите ужасни рекорди и бедни сезони во кои не беа ни блиску до трофеј во Премиер лига или ЛШ, изнервиран навивач на Манчестер Јунајтед вака го опиша нивото на кое се наоѓа клубот. Повеќе

Со тим од 250 милиони не можеа голот да го погодат против Аз Алкмар

Сер Алекс Фергусон си замина од тренерското столче во 2013-та. Потоа седнаа Мојс, Гигс, Ван Гал, Мурињо, Солскјер и никој не успеа барем да го доближи клубот до нивото на кое што беше. 30 години не биле вака очајни, а имаат пари. Повеќе

Клуб од Казахстан им даде на децата да влечат ждрепка кој ќе влезе на терен во Лига Европа

Во европските купови екипите влегуваат на терен со деца до нив. Ама ретко кој знае колку е тешка процедурата да им се каже на децата кој ќе држи за рака познати фудбалери а кој не. И за тоа има решение. Повеќе

Јунајтед го има најлошиот старт во последните 30 години, ни со Мојс не беше вака

Со ремито 1-1 против Арсенал во големото дерби на 7 коло од Премиер лига, Манчестер Јунајтед се наоѓа на 10 место на табелата и го бележи најкатастрофалниот почеток на една сезона откако е основана Премиер лигата во ваков формат. Повеќе