Таг: мадрид

Најважниот ден во кариерата на Горан Пандев

По Дарко Панчев и Илија Најдовски, Горан Пандев на денешен ден во 2010. година стана третиот Македонец кој го кренал најважниот пехар во европскиот клупски фудбал

Да нема забуни

Ако во Израел секоја втора екипа во своето име има Макаби или Хапоел, во Шпанија тоа е со кралското Реал. Со цел да се избегне мешање правиот Реал е прав Реал.

Целиот мој живот на тебе посветен

Дедо Агустин де ла Фуенте Квинтана бил првиот социос (член) со членска карта на Атлетико Мадрид. Ја поседувал цели 73 години. Во 2005. година се појави во рекламата за Колчонерос, а почина истата година на 92 години во Мадрид.

Идиотски однос на навивачите на ПСВ во Мадрид

Еден дел од навивачите на ПСВ Ајндховен ужасно грдо се однесувале вчера пред мечот против Атлетико во Мадрид. Не правеле инциденти, не се тепале, туку седејќи во кафулињата на еден од плоштадите фрлале ситни пари по бетонот и се исмевале со просјаците кои ги собирале паричките.

Вториот татко на Ел Нињо прв го открил неговиот талент

Во саботниот меч против Еибар, Фернандо Торес го постигна 100-от јубилеен гол во дресот на Атлетико. Радоста на крајот ја сподели со човекот кој го донел во клубот и кој е најзаслужен за неговата кариера.

На стадионите прегледувани и сендвичите

Фудбалска и воопшто спортска Европа не остана имуна на безбедносните закани по крвавите терористички напади во близина на стадионот Стад де Франс во предградието на Париз.

ЦСКА нема лек за Спанулис, Олимпијакос во ново европско финале

Кошаркарите на Олимпијакос трет пат во последните четири години ќе играат во финалето на Евролигата, откако во драматична завршница ја совладаа ЦСКА Москва 70:68.

Токио, Мадрид и Истанбул во битка за ОИ 2020

Вчера се пошегувавме малку на сметка на Тулса, 43-от град по големина во САД кој нема базен, а планира да се кандидира за Летната Олимпијада во 2024 година, но сега ги имаме кандидатурите на трите светски метрополи кои водат финална битка за организација на ЛОИ 2020.