Пред 12 години САД и Аргентина се сретнаа во групната фаза на младинското Светското првенство, а очите беа вперени во две многу надежни деца. Едниот денеска е идол на милиони деца кои сакаат да станат како него, а другиот смени 13 клубови меѓу кои и српска Јагодина.
Весникот El Mundo Deportivo кој е со седиште во Каталонија, ја проанализирал работата на судиите на средбите на Реал и Барселона во шпанска Примера и дошол до заклучок дека арбитрите ја направиле бодовната разлика во корист на „Кралевите“.
Нешто дефинитивно не штима на „Камп Ноу“ сезонава. Клубот кој важи за симбол на културата и е повеќе од клуб запаѓа во замка од која не баш вешто излегува. Валканиот веш никогаш не бил така јавно простиран како сезонава.
2017-та за Лионел Меси почна совршено. За прв пат во својата кариера на три меча по ред постигнува гол од слободен удар и сега со 26 гола од слободен за Барса го израмни рекордот на Роналд Куман. Овој против Виљареал е скоро идентичен со тоа што го вежбал на тренинг. Мајсториште.
Јапонци се решија да летаат дронови за да ги тестираат нишаните на двете ѕвезди на Барселона. Откако сфатија дека не бива на сила, Суарез го најде чарето, а коментаторот е до толку внесен во приказнава како да се работи за Ел Класико.
На акцијата која и претходеше на вториот гол на Барселона против Еспањол никој не остана рамнодушен. Иниеста почна, а Меси ги дотолчи противниците кои летаа како мали деца. Слично нешто се случи на аматерски меч во Шпанија.
Кога имал две години татко му ги оставил, а мајка му заработувала многу малку како хигиеничарка. Но фудбалот му го правел среќно детството. Поради кавга со тренерот на Бока како дете три месеци го напуштил фудбалот и учел за електричар.
Ако изброивме добро во акцијава на Барселона која ја заврши Суарез со гол, Иниеста и Меси успеаа мајмуни да направат 7 фудбалери на Еспањол, значи пазете 7, а Иниеста прво се лизна.
Обично велат дека тој што е со топка не може да биде толку брз како тој што го брка, но не велите два пати така за Анри, Рашфорд и Меси или понекогаш и за Бејл. За брзи играчи важат и уште многу други играчи како Роналдо, Куман, Салах...
6-годишниот Муртаза Ахмади чија слика со дрес направен од кеса на која пишуваше МЕСИ 10 го растажи целиот свет, конечно го запозна својот идол. И не само што го запозна, туку не сакаше да се одвои од Аргентинецот.
Со повеќе од двојно гласови од Меси, Кристијано Роналдо стигна до освојувањето на Златната топка број 4 во својата кариера и му се доближи на својот ривал кој има само една повеќе. Заслугите за тоа одат најмногу поради освојувањето на ЛШ и ЕП во иста година.
Шпанските медиуми се до толку опседнати со Меси и Роналдо што имаат камери кои ги пратат само нив. Видеово не е ништо посебно, освен еден кус муабет кој ако точно го сконтавме шпанскиов оди вака: Роналдо: Како е, што се случува? Меси: Седи мирен.
Во пресрет на утрешното Ел Класико, јасно беше дека ќе се појави некаква паралела помеѓу најдобрите двајца кои секогаш се во фокусот на вниманието. Од што толку често се зборува за нив, веќе почна да не копка, за кои Меси и Роналдо ќе пишуваме кога овие двајца ќе одат во пензија.
Вечната дебата околу тоа кој е подобар/покорисен/поспретен на моменти изгледа бесмислена и празна. И едниот и другиот играат во иста ера, така што одговорот на дилемите го носат самите учесници во дискусијата. Како љубителите го бранат Португалецот во однос на чудесниот Меси?
По пауза од 14 години, селекцијата на Аргентина го доби новиот лидер на листата на стрелците. Се вика Лионел Меси кој на мечот против Колумбија се покажа во едно од најдобрите свои изданија во репрезентативниот дрес.
Вечна дебата на анализи со години е зошто Меси не е истиот во дресот на Аргентина, како што сме навикнати да го гледаме во Барселона. Се појави видео со објаснувања кои навистина делуваат логично. Добро би било некој вакво нешто да измонтира и за Пандев па да се грабнете за дебата каде лежи проблемот.
Селекцијата на Бразил во четврток ја пречекува Аргентина во Бело Хоризонте каде немаат играно уште од болниот пораз од Германија 7:1. Иако се работи за огромно ривалство меѓу двете селекции, Нејмар во пресрет на квалификацискиот меч си ги викна клупските колеги во сопствениот авион и заедно ја летнаа за Бразил. Кул потег.
Фудбалерката на Барселона, Барбара Латоре исфрли од игра половина тим и постигна гол кој го твитна и Пике кој напиша дека го потсетува на едни два легендарни голови на Меси и Роналдо.
На и онака големата врева по социјалните мрежи, шпанската фудбалска федерација фрли бензин во оганот со изјавата на Хавиер Тебас дека „тој лично би се засрамил после таква глума да отиде дома и да ги погледне децата“.