Гостувањата на Карабах и Динамо Загреб против Интер и Селтик се покажаа како тешки тврдини за освојување. Локерен каде настапува Бесарт Абдурахими славеше против Металист. Беспрекорни во второто коло од ЛЕ беа италијанските претставници, а во Лондон, Демба Ба го спаси Бешикташ од пораз.
По првите натпревари во Лигата на Европа пред две недели, второто коло продолжува вечерва, а најголемо внимание за нас привлекуваат дуелите на двајцата македонски репрезентативци, како и средбата во Лондон помеѓу Тотенхем и Бешикташ.
Во првото коло од групната фаза на ЛЕ, македонските интернационалци имаа успешна вечер, откако Адеми го одигра целиот меч за „модрите“, а Муарем 80’ минути за Карабах.
По настапите на Пандев и Ибраими во најелитното клупско натпреварување, еден ранг подолу на европска сцена ќе се појават Ардијан Адеми и Муарем Муарем.
Како награда за победата во финалето на Лига Европа, спонзорот на Севиља пиварата Крузкампо го одржа ветувањето и им подари на сите фудбалери пиво колку што се тешки.
Деветиот месец од годината ќе донесе богата спортска понуда, затоа што нè очекуваат градското дерби во Мадрид, Милан - Јуве, пријателски средби, квалификации за Европско првенство во фудбал, Лига на шампиони и Лига Европа.
На денешната ждрепка во Нион, нашите четворица претставници ги дознаа своите противници во групната фаза од второто по квалитет клупско европско натпреварување.
Поранешниот играч на скопски Работнички, Муарем со гол во 51' минута обезбеди пласман на Карабак во ЛЕ. Успешна вечер имаа и Адис Јаховиќ со Ријека ,како и Бесарт Ибраими со Локерен, кој и покрај поразот оди понатаму поради гол во гости. Крсте Велковски со Сараево доживеа дебакл.
Tотенхем, Виљареал и Клуб Бриж ја оправдаа фаворитската улога во првото коло од плејофот за ЛЕ. Од нашите интернационалци, Муарем одигра 64' минути во ремито на Карабак против Твенте. Бесарт Абдухарими и Локерен славеа против Хал, а Адис Јаховиќ беше заменет на половина час пред крајот на дуелот со Солигорск (1-0).
Адис Јаховиќ, Крсте Велковски, Бесарт Абдурахими и Муарем Муарем се нашите претставници кои со своите клубови ќе се обидат да изборат пласман во групната фаза од второто по ранг клупско европско натпреварување.
Неколку навивачи на италијанскиот фудбалски клуб ја оплескале работата, откако прерано резервирале авионски карти за Стокхолм, град во кој биковите гостуваа пред една недела.
Екипата на Сараево каде настапува нашиот Крсте Велковски ќе се мачи со противник од Бундеслигата, додека македонскиот напаѓач Адис Јаховиќ со Ријека има полесна пречка против претставник од Молдавија.
Со почетокот на фудбалските натпреварувања се забележува секој најубав гол, најдобар потег, одбрана и слично, а во изборот влегуваат и промашувањата на годината. Веќе го имаме фаворитот за титулата цреп на годината. Рускиот Краснодар го торпедираше унгарски Диосѓор на гости со 5-1 на квалификациски меч од Лига Европа, а резултатот можеше да биде поубедлив да не беше епското промашување на Бистров.
Првото квалификациско коло од Лига Европа мина во знакот на Словенците и Црногорците кои покажаа дека појма немаат како да замаскираат договорен натпревар. Срамот најмногу го изеде голманот Владан Гилјен, а за текот на резултатот пристигнувале информации во УЕФА.
По долга и исцрпувачка битка, фудбалерите на Севиља со 4:2 на пенали ја прославија третата круна во второто по ранг европско клупско натпреварување. Клетвата за Бенфика на унгарскиот стратег Гутман од 1962 година продолжува.
Фудбалерите на Јувентус и оваа сезона се доминантни во италијанскиот фудбалски шампионат и речиси сигурно ќе освојат трето Скудето во низа. Но она што носи голема неизвесност е мртвата трка за излез на меѓународна сцена каде виси и местото на еден Милан.
Јувентус нема да игра финале во Лига Европа на својот стадион. Во финалето во Торино ќе игра Бенфика откако успеа да му одолее на Јуве, против екипата на Севиља која се спаси со гол во последна секунда.
Првиот португалско-италијански шампионски дуел го добија фудбалерите на Бенфика, но со ветувачки резултат за Јувентус. На вториот полуфинален дуел од Лига Европа, Севиља славеше очекувана победа над Валенсија.
Најголемиот императив оваа сезона за Бенфика и Јувентус е освојувањето на двојната круна, но само една од овие две екипи ќе оди во финале и ќе има можност да биде помеѓу ретките екипи кои во еден тежок и згуснат модерен распоред се радувале на двата пехари.
Со 3:0 во регуларниот дел и уште два погодока во продолженијата, фудбалерите на Валенсија станаа првиот тим кој успеал да анулира негатива од 3 гола од првиот дуел во нокаут фазата во Лига Европа. Јувентус и Бенфика со нови победи го потврдија полуфиналето, а Севиља се реваншираше немилосрдно со 4:1.
Фудбалерите на Валенсија ја имаат најтешката задача на вечерашните реванш средби, а тоа е да станат првиот тим кој успеал да се врати по негатива од 3:0 во ова натпреварување. Јувентус, Порто и Бенфика се со минимална предност.