Таг: кристијано роналдо

Роналдо: Фергусон ми е како татко во фудбалот и тој е клучниот човек што се вратив

Ексклузивното интервју во дрес на Манчестер Јунајтед со Роналдо го имаше Манчестер Јунајтед за својот сајт. По вчерашниот емотивен статус на Инстаграм, повторно може да се заклучи дека Кристијано е пресреќен за кам бекот во клубот со кој има посебна врска.

Кога Роналдо го учеше малото дете Џеси Лингард

Во летото 2003-та, 18-годишниот бисер на Спортинг Лисабон потпиша богат договор со Манчстер Јунајтед откако на пријателска средба неколку дена претходно ги шина бековите на англискиот клуб. Кога дојде на „Олд Трафорд“ ги учеше децата како да дриблаат. Џеси Лингард го гледаше во чудо.

Роналдо: Се вратив таму каде што припаѓам, Сер Алекс ова е за тебе

Кристијано има статус на Инстаграм кој за 1 час имаше преку 6 милиони лајкови, а кога кликнавме за кратко Ф5 станаа преку 7. Обраќањето му е емотивно, со многу љубов и радост што се враќа дома. Последната реченица му е врв.

Комичен одговор на Де Хеа на прашање за Роналдо

Голманот на Јунајтед одново брани во одлична форма. На мечот против Вулверхемптон на гости буквално го имаше најдобриот настап во последните неколку месеци. Манчестер славеше минимално и ја продолжи неверојатната серија од 28 меча без пораз на гостувања во Премиер лига. После мечот репортер го праша Де Хеа што мисли за новиот трансфер.

Трансферот на Роналдо бил среден за неколку часа, а телефони вртеле и негови соиграчи

Кам бекот на Роналдо во петокот ноќта го изненади фудбалскиот свет, бидејќи очекувањата беа дека ќе стане нов член на Сити. Но кога Хорhе Мендеш видел дека таму се закочила работата, го свртел бројот во другиот Манчестер и брзо ја завршил зделката.

Солскјер на времето го возел Роналдо по трговски центри и му нашол репетитор

Кога пред десетина година се сретнале додека Кристијано беше играч на Реал Мадрид, Сослкјер му рекол: „Каде и да играш, колку и да вредиш, твојот дом секогаш ќе биде Манчстер Јунајтед“. Португалецот се врати на местото каде го лансираа во орбитата.

Лузер на денот

Кристијано Роналдо ќе прави трансфер во Манчестер Сити? Да не го видам, ни него, ни дресот.

Хит прослава на навивач за трансферот на Роналдо

Весело беше денеска пред Олд Трафорд. Додека репортер на Скај Спорт известуваше за бомбастичниот кам бек на Кристијано Роналдо, камерманот со право ја вртеше камерата на лево.

Кам бек на Кристијано Роналдо во Манчестер Јунајтед

Во исто лето и ист месец пукнаа двете најголеми бомби во светскиот фудбал. Лионел Меси од Барселона во ПСЖ, Кристијано Роналдо од Јувентус во Манчестер, ама во Јунајтед, а не Сити како што се шпекулираше.

Очајниот потег на Роналдо познат од Белград

На сето реноме, слава и успеси кои ги има и ужива во кариерата и животот, малку некапитенски е ова од страна на Кристијано, гест кој го повторува два пати. Прво против Србија во квалификации, а сега и на Европско после елиминацијата од Белгија. Ја фрла капитенската лента на земја, па ја шутираше.

Роналдо им диригираше на Французите како да ја пимплаат на крај

Резултатот 2:2 синоќа им одговараше и на Франција и на Португалија, како и на Германија која паралелно играше со Унгарија. Во судиското продолжение Кристијано во еден момент почна да им покажува на Французите како да задржуваат време. Врати ја назад, му вели на Бензема и овој го послуша.

Парадерскиот потег на Роналдо против Ругигер

Португалија и Германија го одиграа до сега најефикасниот меч на ЕП на кој паднаа 6 гола. Германците го декласираа европскиот првак со 4:2, а атракцијата број 1 на средбата ја направи Кристијано Роналдо.

Кока-кола изгуби 4 милијарди долари заради Роналдо

Како што Роналдо во знак на нервоза ги тргна од кадар двете шишиња со Кока-кола натопорени до микрофонот, и на нивно место стави шише со вода, така вредноста на компанијата инстантно падна за 4 милијарди долари.

Прв меч за Роналдо и веднаш рекорд - стана најдобар стрелец во историја на европски првенства

Репрезентацијата на Португалија баш долго се мачеше со Унгарија на отворањето во Будимпешта, но од 84-та минута до крајот им дадоа три гола.

Роналдо направи забуна на прес конференција во Будимпешта

Пред мечот со домаќинот Унгарија против која Португалија ќе го отвори Европското првенство 2020, Кристијано Роналдо демонстрираше дека водата му е избор пред Кока Кола.

Роналдо бега со трофејот, Пандев сака да му го земе

Португалија ќе има пеколно тешка задача да го одбрани трофејот на ЕП, бидејќи се падна во група со Франција, Германија и Унгарија. Но Кристијано Роналдо не го дава трофејот и им бега на сите ѕвезди меѓу кои и на нашиот капитен. Цртаниот филм е објавен на британски „Гол“.

Роналдо изведе слободен удар како прв пат да шутира топка

Последниот слободен удар за репрезентација го реализираше лани во септември против Швајцарија, а за Јуве во три сезони успеа да постигне само еден. Синоќа даде гол од игра против Израел кој го совладаа со 4:0, ама кога се намести на слободен, како да ви кажеме. Столче ќе скршеше.

Роналдо пак се криеше и се посрамоти на жив ѕид

Редно време е некој да му каже на Роналдо дека така не се стои на жив ѕид или па подобро нека не стои. Со Порто и сврте грб на топката, ги рашири нозете и примија гол, а вечерва е виновник што Парма поведе. Погледнете му ја реакцијата. Не те јаде бе Кики, топка е.

Гозенс од Аталанта се пожали дека Роналдо не му дал дрес, па соиграчи му купија

Како ретко кој, Германецот Госенс искрено се отвори за еден момент од теренот на меч против Јувентус во Копа Италија. Јавноста се заинтересира, а соиграчите му дадоа убаво спакуван поклон.

Квиз на денот со Беневенто балкан фанс

Скоро еден месец по мечот Јувентус - Беневенто 0:1, админот на Беневенто балкан фанс пак се отвори, но овој пат со безобразен трол на кој сметаше дека нема потреба да стави прашалник.

Фрлената капитенска лента на Роналдо на аукција за спас на малиот Гаврило

На уште незавршен меч Србија - Португалија, капитенот и легенда на гостите, Кристијано Роналдо бесно креваше раце, тргна да си оди кон соблекувалната и наеднаш ја фрли капитенската лента на земја.

Твит на денот за реакцијата на Роналдо

Србија и Португалија одиграа супер натпревар со 4 гола во квалификациите за Светско првенство. Во последните секунди од мечот Кристијано Роналдо постигна чист гол, ама линискиот и главниот судија проценија дека капитенот на Србите Стефан Митровиќ навремено ја исфрлил топката во аут. Роналдо нервозно тргна да го напушта теренот, пцуеше и ја фрли капитенската лента на земја.