Таг: кристијано роналдо

Супермоделот Роналдо се стега за Германија

Мускулестото тело на ѕвездата на Реал Мадрид тешко се достигнува. За тоа треба потење, строг режим на исхрана, редовен сон и многу многу часови во теретана. Затоа никој не може да го натскока.

Опасните петмина во Бразил

Од лидерите на своите репрезентации секогаш се очекува многу на теренот, а тоа е да го понесат товарот, да бидат организатори на играта или да го решат мечот. Ова се само неколку ѕвезди, препознатливи по своите физички карактеристики кои се очекува да блеснат во Бразил.

Роналдо е најславна и најпрепознатлива фудбалска фигура

Според светското маркетинг истражување на Repucom базирано на 6.500 луѓе во 13 земји, 72% од луѓето кои го знаат, рекле дека им се допаѓа.

Роналдо е вистинскиот човек за „La decima“

За нешто повеќе од 24 часа „Кралевите“ ќе го играат еден од најважните мечеви во својата историја, финалето од ЛШ. Најпосакуваниот трофеј го бркаат веќе 12 години, а за предводник до јубилејната 10-та го имаат најдобриот играч на светот.

По пола златна копачка за Роналдо и Суарез?

Англиската Премиер лига заврши, а до крајот на шпанската Примера има уште едно коло, со што Роналдо може да го премине Суарез на листата на најдобри стрелци во Европа. Но што ако Роналдо не постигне гол?

Меси, Роналдо и Нејмар на бостан

Атмосферата во Бразил пред почетокот на Светското првенство до толку е подгреана што еден готвач почна да ги резба ликовите на Лионел Меси, Кристијано Роналдо и Нејмар на лубеници.

Роналдо ко Бијонсе

По постигнувањето на првиот погодок против Баерн, Кристијано Роналдо го прослави рушењето на рекордот на Лигата на шампиони со 15 гола во една сезона. Прославата му беше симулација на рекордната бројка со рацете, но изгледаше ко Бијонсе.

Реал Мадрид го симна Баерн од тронот

Реал Мадрид е првиот финалист во најелитното европско клупско натпреварување откако го симна од тронот актуелниот шампион Баерн Минхен со висока победа на Алијанц арената.

Македонците на Фејсбук најмногу пишуваат за Роналдо

Магазинот Тајм ја објави листата на 100 највлијателни луѓе за 2014-та година, како и светска мапа обоена според личностите за кои се пишува на Фејсбук во земјите. Кај нас доминира Кристијано Роналдо.

Скокни колку Роналдо да те видам

Не можеш. Тој вежба со саати и има помалку телесни масти од супермоделите. Со неговиот висок скок се одразува 2.88 метри од земја, а обрачот на кошот е висок 3.05, што значи ја куца без проблем. На таа висина тешко е човек да ја цивне топката, а не па да му ја збрца на Манчестер.

Роналдо продава повеќе дресови од цел Баерн Минхен заедно

Кристијано Роналдо не само што е најдобар фудбалер на светот (според ФИФА), туку тој и продава најмногу дресови.

Роналдо и Рамос под истрага за Ел Класико

Лудото шпанско дерби на кое паднаа седум погодоци добива и трето полувреме. По жестоките критики на двајцата фудбалери на Реал Мадрид упатени кон судиите, дисциплинската комисија постои можност да им одреди парични казни.

Роналдо и Рамос: Барса играше со помош на судии

По епското Ел Класико кое им припадна на фудбалерите на Барселона, Кристијано Роналдо и Серхио Рамос се пожалија дека како и секој пат, Барса играла со 12 играчи.

Манолин и големиот Роналдо

Кристијано Роналдо уште еднаш покажа дека освен што е одличен фудбалер, тој е голем човек и го усреќи малиот Манолин.

Атлетико Мадрид го шутна провокаторот

Атлетико Мадрид го ослободи од должностите детето кое му се правеше фраер на Кристијано Роналдо.

Роналдо го победи Меси на листата на богаташи

Фудбалскиот портал Goal ја објави новата листа на најбогати активни фудбалери на светот, а на врвот пензионираниот Дејвид Бекам беше заменет од Кристијано Роналдо.

Па што ако си Роналдо

На неделното градско дерби, едно од децата кое собира топки, најверојатно навивач на Атлетико, во 71 минута реши да си поигрува со ѕвездата позната по своето его.

Релаксација со топка

Натпреварот помеѓу Барселона и Реал Мадрид не е бадијала еден од најгледаните фудбалски натпревари во светот. Ги имаат двајцата најдобри фудбалери кои со своите соиграчи прават какви сакаат финти со топката.

Годината на Роналдо

Кристијано Роналдо ја освои својата втора Златна топка и на своите фанови им се заблагодари за поддршката со ова видео.

Роналдо со солзи на очите по втор пат на врвот

По четиригодишната доминација на неговиот најголем ривал, Кристијано Роналдо конечно стигна до долго посакуваното признание од ФИФА која го прогласи за најдобар фудбалер во светот.

Јунајтед, Тотенхем и Јувентус најмногу ја искористиле касата на Реал

Јануарскиот преоден рок ретко носи некој спектакуларен трансфер, па затоа ќе ве потсетиме на тоа како клубовите заработуваа од најголемите ѕвезди кои претходно ги купуваа и за 20 пати помалку пари. 

Офсајд девојка на годината

Го избравме офсајд ликот на годината, го добивме шампионот на Типстер на полусезоната, но како машка спортска редакција нешто ни фали. Грев е да се избере само една, но ние се одлучивме на онаа која е најблиска со фаворитот на „Златната топка" Кристијано Роналдо. Среќна нова.

Роналдо ќе ја освои Златната топка

Според бројот на јавно објавените гласови и дополнителна анкета спроведена од шпанска ТВ станица, наградата за најдобар фудбалер на годината ќе му припадне на Кристијано Роналдо.