Фанови и публика (претежно) се за Мекгрегор, едноставно ова е негов момент на слава и уште се навлечени на приказната на Ирецот. Од друга страна сè што е стручна боксерска фела (дури и тие што навиваат за Мекрегор) отворено кажуваат дека не постои сценарио во кое Мејведер го губи боксерскиот меч со ММА првакот. На 26-ти август ќе видиме што ќе се случи.
Еден од најголемите боксери во историјата, олимпискиот златен медал Оскар Де Ла Хоја вели дека секојдневниот панаѓур што го прават Флојд Мејведер и Конор Мекгрегор пред нивниот меч, сериозно го нарушува угледот на овој витешки спорт.
За лудиот Ирец се знае речиси сè. Колку борби, колку освоени појаси, колку титули. Но малкумина знаат како ја искористил лудата храброст да се тепа за пари во паб со цел да заработи за карта на концерт.
Во 2006 на 17 години, Конор Мекгрегор се вработува како чирак водоводџија. Во 2007 ја има првата аматерска ММА борба. Во 2013 пред првата борба за УФЦ тој го подига месечниот чек од социјално.
Како гром од ведро небо, на 90 дена до реваншот со Дијаз, ирскиот шампион на Твитер објави дека се повлекува така млад. Нема потврда од тренерот и менаџерите, а причините се бараат во неколку правци.
Откако Нејт Диаз буквално го прекрши пред 2 недели, Ирецот чесно го призна поразот и со видео во кој има монолог од Роки Балбоа, најави враќање во рингот.
И покрај поразот од Нејт Дијаз во УФЦ 196 мечот, Ирецот Конор МекГрегор стана првиот борец во УФЦ што доби загарантирана заработка од 1 милион долари. Но не е сè така розово во мешаните боречки вештини.
Пасиониран навивач на светскиот УФЦ борец Конор МекГрегор на тераса во домот во Лас Вегас закачил картонска фигура од шампионот и ирски знамиња. Тоа како да беше доволен знак да разменат неколку реплики, па и да се запознаат набрзо.
Едниот го имавме пред некој ден (Бјорнсон), другиот е УФЦ борачот Конор МекГрегор (175 см, 66 кг.). Поуката на видеово е дека не е сè во големината. Поуката на животот е дека ова е точно се додека не дојде време за селење шкафови.