Бруно Јасиенски (1901-1938) бил полски писател-водач на тамошното футуристичко движење меѓу двете светски војни. Неговиот подзаборавен роман „Го горам Париз“ стана повторно актуелен во време на пандемијата. А има и зошто.
Во 1950-тите, жителите на Мосин, Висконсин, извеле нешто што било замислено како театарска претстава - бунт кој требало да предупреди од опасностите на „црвените“. Но како што обично бива, симулацијата не поминала без последици.
Додека популарноста на капитализмот во САД е во постојан пад, социјализмот (како идеја) стабилно се држи и има посебна поддршка кај демократите и младите луѓе во земјата.
Тоа што американската армија одлучи да попушти и да направи отстапки и да дозволи служење војска за хомосексуалци, жени и трансродови лица, никако не се преточи во добра волја кон луѓето со поразлични идеологии од нив, барем не кон оние што се залагаат за комунизам.
Откако пред неколку години е снимена серија за "спасените" бугарски Евреи за време на Втората светска војна, сега е најавен и филм што бугарскиот колаборационистички цар Борис III ќе го претстави како храбар државник кој им се спротивставил на нацистите. Овие продукции се дел од сè поагресивните обиди бугарскиот историски фашизам да се претстави како "златно доба" на кое треба да му се вратиме по "комунистичките трауми".
Освен сериозни државни инвестиции во образование и обука на жените, великодушно породилно боледување и гарантирана здравствена заштита за мајката и децата, уште еден факт кој се изостава во стереотипите за поранешниот комунистички блок е и тоа дека: жените под комунизмот уживаа во повеќе сексуални задоволства.
„Си беа еднаш едни луѓе, и сакаа да се ослободат од лошиот капитализам. Како можеа да си ги остварат соништата?“ Вака почнува нова книга која се обидува да им ги приближи вистинските идеи на комунизмот на новите генерации, растени на капитализам.
Големиот, вековен јубилеј од револуционерните настани Русија нема официјално да го слави затоа што и 100 години подоцна, руското општество е длабоко поделено што тоа се случи во таа 1917-та година. А и Путин нема херој од тоа време со кој би сакал да се поистовети.
Алисон Кенеди е американска комунистка која упорно работи на основната идеолошка кауза, освестување на работничката класа дека она што ѝ се нуди на избори, не е нивен избор. На избори редовно минува катастрофално но тоа не ја секира: кога комунисти воопшто дошле на власт со избори?
Постигнувајќи 27 процентна стапка, Шпанија одново го сруши својот рекорд на невработеност, со дневен ритам од 500 загубени работни места. Истовремено, во срцето на Андалузија пркосно опстојува едно гратче во кое нема ниту еден невработен.