Во морето залижани, намазани, нашминкани и разгалени стопери, денес е тешко да се најде некој каков што беше Французинот Лилиан Турам, бескомпромисниот борец. Одигра 142 натпревари и постигна само 2 гола за Франција - ама 2 најважни во неговата кариера.
„Галските петли“ ретко кога во историјата имале вака страшен напад како денес, на 80-ина дена пред Мундијалот. Гризман, Мбапе, Дембеле, Лаказет, Марсијал, Бен Једер, Жиру....
Кога првпат дошол во Лестер, сакал на тренинг да тргне пешки, но му кажале дека не доликува на Премиерлигашки фудбалер да оди пешки затоа што ќе го тормозат по улица. Во Кан додека сите возеле бесни Ферарија, Нголо Канте возел веспа. Денес е најдобар играч во Англија.
Кога дошол од сиромашниот дел на Камерун во Лион, не знаел да плива и седел во малиот базен, учел да вози точак со еден од соиграчите од детството, но на теренот со пожртвуваност и храброст заслужи да стане нов фудбалер на еден од најголемите светски клубови.
Францускиот репрезентативец кој ја крена на нозе својата земја со голчиште во 89-та минута против Романија и им го разубави отворањето на Европското првенство, во 2005-та бил член на Нант, но истовремено диплел и алишта во бутик.
Ѕвездата на Вест Хем Јунајтед и Франција, Дмитри Паје игра чудесна сезона во која нема да чуди ако неговиот тим обезбеди настап во Лигата на шампионите следната 2016/2017.
Општото мислење во француската јавност е дека Стад д’Франс во вторник треба да биде полн за мечот Франција - Русија, што би било прав одговор на терористичките напади од минатата година во Париз.
По Ница и Марсеј, редот му дојде на Лил, градот во непосредна близина на белгиската граница кој ќе биде домаќин на шест мечеви од групата во која ќе играат Англија, Словачка, Русија и Велс и два од нокаут фазата.
Некогаш важеше за најдобриот плејмејкер во Европа, го споредуваа со Зидан, но на крајот му засметаа миланските светла, стана подложен на тешки повреди и кариерата не ги исполни очекувањата.