Таг: фк шкендија

Газета: Шкендија е најдобрата опција за Милан

По три години пауза, Милан е на чекор до кам бек во Европа, а последната пречка која се вика Шкендија од Македонија според реномираната Газета дело Спорт е најлесниот противник кој можел да му се падне на седумкратниот европски првак.

Лудило ждрепка, Милан и Фенербахче доаѓаат во Скопје

Фудбалската треска во Македонија ова лето ќе продолжи во голем стил. По финалето меѓу Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид на 8 август, на арената Филип Втори ќе се истопорат уште два гиганти. Во плејофот од ЛЕ, Шкендија го пречекува великанот Милан, а Вардар го доби Фенербахче.

Балканските екипи грмат во Европа

Како никогаш до сега фудбалските клубови од нашиот полуостров тргнаа одлучно и офанзивно на меѓународната сцена. Бројката на екипи учесници е импозантна. Дури 15 балканци се на еден меч до пласман во групната фаза од Лига на шампиони и Лига Европа. Хрватите и Грците се најбројни.

Македонскиот клупски фудбал во европскиот крем

По одиграните натпревари во квалификациите за Лига на шампиони и Лига Европа, нашиот клупски фудбал конечно живна во рангирањето и во моментов се наоѓа пред најсериозните фудбалски лиги на континентот според освоените бодови на рејтингот.

Кои се можни противници на македонските клубови во Европа

Граѓаните на Македонија ќе имаат фудбалско лето: Освен У21 хероите и нашите сениори против Шпанија, пред мега дуелот од Супер Купот на Европа во земјава ќе се игра и европски квалификациски фудбал. Тешка задача ги чека Вардар, Шкендија, Работнички и Пелистер.

Зошто Шверцери славеа победа со зелка?

Навивачите на Шкупи, „Шверцерите“, на својот стадион во Чаир ја прославија победата над ривалот Шкендија во Тетово од 0:1 со тоа што правеа акција со зелка. По некои писанија на навивачките форуми, ваквата симболика имала врска со прекарот кои Чаирци им го наденале на навивачите на Шкендија.

Шкендија со гол негатива ќе го чека Гент во Скопје

Иако загубија 2:1 на првиот меч од плејофот за ЛЕ против Гент, фудбалерите на македонскиот вицешампион Шкендија имаат убава подлога за историски успех за седум дена во Скопје. На „Градски“ ќе имаат можност да влезат во ЛЕ.

Што направи Гент во ЛШ минатата сезона

Тоа што Шкендија ги избегна Шахтјор и Спарта Прага во плејофот од Лига Европа не значи дека им e големо олеснување. Нивниот противник ги доживува најубавите години од својата историја и лани влезе во друштво на најдобрите 8 екипи од Европа.

Гент е последната пречка на Шкендија до испишување историја

Единствениот македонскит претставник на меѓународна сцена го избегна опасниот Шахтјор и за противник во плејофот од Лига Европа го доби Гент од Белгија.

Шкендија го игнорира скандалот со Адем Јашари

Единствениот претставник во Лига Европа кој е на чекор до историски пласман во плеј-офот на Лига Европа, викендов се огласи преку соопштение за мечот против Млада Болесав. За преименување на арената Филип Втори во Адем Јашари од страна на албанскиот коментатор, ниту збор.

Адем Јашари може да биде само стадионот Трепча

„Почитувани гледачи, се јавуваме од арената Филип Втори во Косовска Митровица“. Замислете што би се случило наш коментатор вака да почне пренос на фудбалски натпревар од стадионот Адем Јашари.