Таг: енис барди

Енис Барди во топ 5 млади ѕвезди на Ла Лига

Леванте има два порази по ред во шпанското фудбалско првенство, но и покрај тоа медиумите од уста не го вадат Барди. Со 3 гола од кои 2 мајсторски од слободен удар тој е најдобар стрелец во Ла Лига меѓу играчите од среден ред. Изборот е на Скај Спортс.

Како Барди го вежбал шутот во балон

Снајперските удари на Енис Барди кој стана хит во Шпанија не се само дарба. На јутјуб се појави видео на кое се гледа како македонскиот репрезентативец тренирал слободни удари на мали голчиња. Ете што значи напорна работа. За сега во дресот на Леванте има постигнато вкупно 5.

Додека Барди се местеше, навивачите го скандираа неговото име

Кога Леванте добива слободен удар, навивачите ги местат телефоните за снимање. По само пет минати кола во Ла Лига, Барди дочека публиката на Сиутат де Валенсија да грми како хор извикувајќи го неговото име. Неговата мајсторија од два навивачки агли.

Новиот Дејвид Бекам игра во Леванте и е снајперист со милиметарска прецизност

Шпанските медиуми не штедат зборови за нашата гордост Енис Барди и пред и по синоќешниот дуел со Реал Сосиедад, а ние не паметиме ваков старт на македонски фудбалер во некоја од најсилните европски лиги. Само Ѕаѕа, Гомез и Меси имаат повеќе голови од него во Ла Лига.

Браво Барди мајсторе, ти треба да ги изведуваш слободните

На голманите во Шпанија веќе е и нормално да им се тресат нозете кога играат против Леванте, а на слободен удар се мести Енис Барди. Гол број 3 за македонскиот репрезентативец во Ла Лига и вкупно петти од слободен со се пријателските. Еден од колегите не сакаше да му дозволи да шутира. Чуму? Па најдобар е во тоа.

Енис Барди ја тресна и Валенсија

Македонскиот репрезентативец не е опасен само од слободни удари, а тоа го покажа на денешниот натпревар од 4. коло во Ла Лига. Откако фудбалерите на Валенсија поведоа по половина час игра, на четири минути до паузата Барди одлично се снајде во шеснаесетник и на мајсторски начин го матираше Нето за 1:1.

Барди мајсториште во тебе е иднината

Кога сезоната во шпанскиот фудбалски шампионат уште не беше почната, Енис Барди веќе нанижа три комада за Леванте. Што направи викендов во Ла Лига? Прашајте го голманот на Ла Коруња. Голчиште за сите пари од новиот специјалист за слободни удари. Едвај чекаме тв пренос со Леванте.

Голгетерско шоу на Македонците низ Европа

Селекторот Игор Ангеловски сигурно е презадоволен од формата на македонските репрезентативци во очи на квалификациските средби со Израел (2-ри) и Албанија (5-ти) септември. Голови на наши интернационалци фрчеа во Шпанија, Англија, Италија, Турција, Кипар.

Барди не застанува со голчишта во Шпанија, Леванте го поздравува со овации

Со игрите на подготвителните натпревари за новата сезона, македонскиот репрезентативец, Енис Барди се повеќе го оправдува трансферот во шпанскиот прволигаш Леванте. Нека му ја мислат голманите во Ла Лига кога ќе се мести на слободен.

Мајсторија на Барди од слободен удар

Еден од главните пулени на Боби Милевски уште на стартот покажа дека ќе биде големо засилување за Леванте во првата шпанска лига која стартува на 20 август. На дебито постигна гол против Ла Нусија, а сега и против Кадиз. Браво дете, причина повеќе да се гледа Ла Лига сезонава.

Енис Барди рамо до рамо со Асенсио од Реал Мадрид

Тоа што македонските надежи не успеаа да победат на ниту еден меч на дебитанското Европско првенство не го зема никој за грев. Во составот на Милевски кој очекуваме да биде идната А селекција на Македонија, скаутите избраа фудбалер и го сместија во славно друштво.

Мајсторија на Барди од 20 метри

По фантастичниот погодок на Никола Ѓорѓев против Србија, фудбалерите на Боби Милевски уште еднаш ги демонстрираа своите голгетерски квалитети од далечина. Овој пат има соло акција и голчиште на Енис Барди во првото полувреме против Португалија.