Таг: елиф елмас

Блескав настап на Елмас со мајсторски гол од убиствена контра и асистенција

Македонскиот дијамант му покажа на Лучано Спалети зошто не е играч за на клупа. Го замени повредениот Кварацхелија и експлодираше. Наполи игра страшно и за прв пат во историјата врзува 11 победи во низа.

Дарвин Нуњез му влезе на Елмас како во ринг и доби заслужено картон

Ливерпул го совлада Наполи со 2:0 и му го нанесе првиот пораз сезонава. Елиф Елмас стандардно доби шанса во вториот дел и доби малку ќотек од стрелецот на вториот гол.

Дуелот на Тадиќ со Елмас за кој доби црвен картон

4 октомври 2022-ра е датум кој Ајакс и навивачите ќе сакаат што побрзо да го заборават. За прв пат во историјата примаат минимум 5 гола дома во ЛШ. Покрај историскиот дебакл од 1:6 од Наполи останаа и без капитенот Душан Тадиќ кој во 73-та минута доби втор жолт картон за овој груб зафат врз Елмас.

Вриштењето на Спалети кон Елмас кое се слушна во пренос

Со голот на Распадори во 89-та минута, Наполи викендов ја совлада Специја со 1:0. Лучано Спалети конечно го стави Елмас во прв тим, а во еден момент се оштети од викање Елииииииииф.

Прв гол на Елмас сезонава, одговор на Лече со голчиште

По нерешените 0:0 во Фиренца, Наполи повторно одигра реми и во 4. коло од Серија А, овој пат дома против Лече. Спалети за прв пат сезонава го стави стартер Елиф Елмас, а тој го отвори резултатот во 27-ма минута. Гостите одговорија преку 20 годишниот Лоренцо Коломбо кој ја опали многу јако за конечни 1:1.

Капитенска лента за Елмас, проектил на Ндомбеле за шиење на мрежата

По само три сезони и 128 настапи, Елиф Елмас доби чест да ја носи капитенската лента која ја има носено еден Марадона.

Ајде Елиф Елмааааас

Се ожени Мумин Елмас, братучедот на Елиф кој беше во елемент заедно со Гавазова. Што ти значи кога имаш добар везњак.

Елмас одмора од наполитанскиот џагор во селска идила

По напорната сезона со 46 настапи за Наполи на три фронта, Елиф се релаксира и ги полни батериите пред репрезентативните настапи на чист планински воздух. Се прошета низ зеленилото, ја посети чешмата, израдува еден куп деца, а потоа си седна излетнички на мезе.

Убиствена контра на Наполи која мајсторски ја реши Елмас

Фудбалерите на Наполи освоија важни три бода на многу непријатното гостување во Бергамо. Точка на мечот стави Елиф Елмас кој го претрча цел терен и на одличното додавање на Лозано, во дуел еден на еден, итро го реши голманот на Аталанта.

Наполитанците објавија видео од славјето на Елмас и другарите

Елиф, Енис, Даре, Боби и Џани на излез од стадион. Славете јунаци.

Елмас и другарите со порака за мир

„Живееме во опасен и драматичен период и со сите наши следбеници мора да испратиме порака за мир. Тоа може да послужи за поттикнување на свеста за она што се случува. Со надеж дека доброто наскоро ќе триумфира над злото“, гласи пораката на Твитерот на Наполи.

Три голчишта на Олимпико, асистенција на Елмас, победа на Наполи во 94-та

По низа од неколку натпревари, Лучано Спалети одлучи да го седне на клупа Елиф Елмас, што сепак се покажа како добар рецепт. Македонскиот репрезентативец влезе, го освежи нападот на Наполитанците и по шест минути направи асистенција за водство.

Елмас е ова или Роналдињо?

Значи топката не му е наместена на линија или како што се вели од мртов агол, туку на уште потешка позиција. За тие што не го следат многу, на Елиф му е бетон првотимскиот статус во Наполи и тоа во последно време четврток - недела - четврток.

Асистенција на Елмас, кој му скрши кичма на Жорди Алба

Наполи има водство на Камп Ноу, а голем дел од заслугите за тоа се на Елиф Елмас. Бисерот на Македонија со еден потег го прати Алба по бурек и му ја сервираше топката на тацна на Зјелински за 0:1, по половина час игра.

Хандановиќ му одбрани чист гол на Елмас

Со головите на Инсиње и Џеко, Наполи и Интер ремизираа во Серија А, резултат од кој може да профитира Милан, кој ако ја победи Сампдорија ќе биде прв. Топ шанса за 2:1 имаше Елиф Елмас во 69-та минута, но Хандановиќ излезе како победник во дуелот еден на еден.

Aсистенцијата на Елмас e пола гол

Со двата гола на Лозано, Наполи синоќа освои 3 тешки бода на гостувањето кај Михајловиќ во Болоња и му се доближи на второпласираниот Милан на -2. Елиф по лево ја одигра во негов стил и го намести првиот гол.

Голот на Елмас, снимен од трибината на Наполитанците

Одбраната на Милан веројатно не очекуваше гол од Елмас со глава, нешто што не му е специјалност, па го потценија за време на корнерот. Го чува Сандро Тонали, а не некој од дефанзивците, а во празно скока и Ибра. Навивачите на Наполи се во делириум.

Спалети за Газета дело Спорт: Елмас е веќе шампион

Стратегот на Наполитанците кој му дава најмногу минутажа и слобода на Елмас, воопшто не штеди зборови за македонскиот репрезентативец. Пофалбите за него се врвни. Доби оценка 7,5 и коментари од типот: Одигра натпревар како вистински марсовец!

Разговорот меѓу Рики и Елмас пред мечот Милан - Наполи

Капитенот на Македонија, Стефан Ристовски му пишува порака на Елиф Елмас пред големата битка во Серија А. Елмас му одговара со сеќавање на еден емотивен момент. Е тоа е фудбалот.

Голот на Елмас со кој го покори седумкратниот првак на Европа среде Сан Сиро

Само 10 дена откако со два комада го однесе Наполи во нокаут фазата од ЛЕ, Елиф Елмас е главен протагонист и на дербито на колото во Серија А, кое го реши со еден потег.

Гласајте за Елмас, кандидат за играч на неделата во Лига Европа

Не се само Наполитанците, Лучано Спалети и италијанските медиумите тие кои го препознаа и уважија одличниот перформанс на Елиф Елмас, туку и УЕФА.

Елмас во фокусот на насловните страници, Спалети му ветил нешто на полувреме

Фантастична ноќ за сјајното момче Елмас како што го нарече Лучано Спалети. Европски бомбардер е еден од насловите во италијанскиот печат, бидејќи македонскиот репрезентативец со два гола го реши Лестер и го однесе Наполи во нокаут фазата од Лига Европа.

Елмас ја начна мрежата на Лестер

По половина час игра, Наполи има предност од 2:1 против Лестер во директниот дуел за пласман во следната фаза од Лига Европа. Вториот гол за Наполитанците е дело на Елиф Елмас кој во 24-та погоди за 2:0.