Таг: дејвид боуви

Петиција на која не може да има доволно потписи

Канје Вест, човекот жанр сам по себе, одлучи својата болка за заминувањето на Боуви да ја искаже на најдобар можен начин на кој тоа го знае - да издаде албум со препеви на песните на Боуви. Илјадници луѓе од сите краеви на планетава се кренаа на нозе да го замолат Канје никогаш да не го направи ова.

Боуви, Елвис и Блејд Ранер

После смртта на Боуви излегоа толку статии и муабети што веќе тешко ги следиме. Но после оваа теорија веќе немаме што да додадеме.

Нашите за Боуви

Без намера да наддаваме во глупиот натпревар на „Ја го сакав Х кога никој од вас не го сакаше", од луѓе за кои приватно (и јавно) знаеме дека Боуви им бил херој, кои ја свиреле неговата музика, организирале трибјути „за живота" и генерално со години му го следеле ликот и делото, побаравме да напишат збор-два, или да ни дозволат да објавиме нивни постови на темата.

Боуви го одговара Прустовиот прашалник

Во 2009 Венити Фер објави книга „Прашалникот на Пруст: 101 познати личности за љубовта, среќата и смислата на животот". Еве ги одговорите на Боуви од август 1998 - по малку груби и саркастични, но на линија со она што тој го смета за негова најмаркантна особина.

Дали „Црна ѕвезда" има врска со радикалниот исламизам?

Во тазе интервју за Ролинг Стоун продуцентот Тони Висконти вели дека целта на Боуви била „да се избегне рокенрол", а еден член на бендот тврди дека стиховите на првиот, истоимен сингл, се однесуваат на Исламската држава.

Професор ќе живее една година како Боуви

Замислуваме како би изгледало кога ваков проект би требало да помине пред Наставно-научниот совет на некој од нашите факултети.

Боуви повторно ќе падне на Земјата

40 години откако се појави како хуманоиден вонземјанин во „Човекот кој падна на Земјата", Боуви пишува драмски текст базиран на истата приказна.

Џегер и Боуви на тивко

Ако има нешто за што се добри двајцата тоа е за слушање, за гледање никако. Ако има некаде каде што двајцата заедно се добри за слушање тоа е Dancing In The Street. Наспроти се, еве ви го спотот, со нив двајца и ниту еден единствен збор или музика.

Боуви, биди така

Музичката 2013-та не можеше да почне подобро. Кит Ричардс и Том Вејтс почнаа да прават заеднички песни а по една деценија отсуство, на сцената се врати Дејвид факинг Боуви. Не заборавајте, ова е година по онаа во која тотално изгинавме од Гангнам Стајл. Неколку десетици факти за човекот со шарени очи.

Младиот Боуви

Во ноември 1970. Боуви му го напишал следново писмо на Боб Грејс, човекот со кого го потпишал првиот петгодишен договор, и на кратко му го раскажал дотогашниот живот. Имал 24 години.