Милиони хард-кор христијани во светот веруваат дека Библијата е нешто што било диктирано од самиот Бог а луѓето вклучени во нејзиното создавање само записничари кои фаќале стенограми. Ако речеме дека е така, тогаш испаѓа дека Бог е очајно лош пишувач. Многу пасоси денес не би прошле стандардна уредничка редактура и би биле вратени на доработка, потцртани со многу црвено.
Ни крив ни должен, термин кој првично бил користен за позитивно да се опише нечија вера, почнал да се користи во пежоративна смисла, синонимно со „екстремизам". Но неговиот популаризатор имал сосема други намери.
Има две работи кои можат да помогнат во толкувањето на овој филм: истоименото дело на Томас Хобс, библиската приказна за Јов и митолошката слика за Левијатанот. Но и без ништо од сето ова, трагичната приказна за беспомошноста на малиот човек пред корумпираното и аморално чудовиште од систем не може а да не ве допре.
Вчера Шефот ја обелодени насловната песна од новиот албум. И на него, како и на досегашните, сигурно ќе има библиски референци, и некој женски лик кој се вика Мери.
„На почетокот беше цртежот", би можела да гласи првата реченица од оваа стрип серија базирана врз Библијата, која според христијанскиот издавач Кингстоун треба да биде „најкомплетната графичка адаптација на оваа света книга на сите времиња".
„Демсон Дин“ во Езерската област во Англија, хотел кој се рекламира како совршена дестинација за „мирно бегство", крена џева откако во сите соби ги замени изданијата на Светото писмо со малку поинаква литература.