Таг: аудио

Концерт за бенџо и симфониски оркестар

Бела Антон Леош Флек е американски музичар, според многумина еден од најиновативните и технички најспремните свирачи на бенџо. Неговиот нов албум се вика „Измамник" (The Impostor).

Пријателскиот совет на Буковски

Искуството вели - дури и оние кои кон вас покажуваат извесна наклоност можат да бидат прилично цинични кога се работи за вашата навика да пишувате поезија. „Не мора баш за сè да има песна" и „од книгата ти вредат само цртежите" се нивните коментари. А кога би ви дале и совети, тие сигурно би биле слични со овие на Бук.

Како Вирџинија Вулф и пријателите ја зезнале британската морнарица

На 7. февруари 1910, Вирџинија Вулф и пет нејзини пријатели извеле нешто што денес би го нарекле перформанс, или ако сме реални - класична измама, ама со многу стил.

Во потрага по загубената храна

Личните сведоштва одамна се препознаени како значаен алтернативен извор на традиционалната историја. Притоа не е интересен само методот, туку и темите. На пример лични сведоштва за храната во Њујорк во раниот 20-ти век.

Гласот на Худини

Деновиве после подолго време повторно се активираа автомобилите со мегафон, кои најавуваат атракција во градов. Не, не мислиме на изборите, туку на вистински циркус. На оваа снимка од 1914 славниот Худини рекламира една таква точка, која според него не е никакво чудо, туку чиста манипулација, и со тоа ја нагласува нам познатата разлика меѓу занаетчија и циркузант.

Човекот кој како дете сакал да биде старец

Нема подобро интервју со Вејтс од она кое можете да го чуете - со годините гласот и начинот на кој зборува му станува како на некој стар мудрец од Малешевијата, кој со поглед вперен во снежните врвови, со кавалче во едната и пљоска сок од бозел во другата рака, од време на време проговара: „И му викам ја на Кит..."

На колку јазици може да се каже „Големото јаболко"?

Лингвистите во потрага по загрозени говори не мора веќе да патуваат преку половина свет за да истражуваат јазици како Загава (источен Чад) или Ливонски (покрај Балтикот) - сè што треба да сторат е да се повозат со метро низ Њујорк.

Нов албум на Џим Џармуш

Џармуш, освен што режира и пишува сценарија, се занимава и со музика. Слушнете го неговиот нов албум со холандскиот минималист Џозеф ван Визем, „Мистеријата на рајот".

Композиции за дрвја, птици и косилка

Kомпозиторката Аби Арсти во тек на една година ги снимала природните звуци на паркот Арборетум во Сиетл. Резултатот: музички парчиња полни птичји црцорења, чекори по камчиња и жубор на потоци.

Женски ѓавол со гитара

За многумина неоправдано позната само како „бившата на Вејтс" (а според нашата денешна мини-анкета дури ни така), Рики Ли Џонс е една од стоте најголеми рокерки на сите времиња според VH1, со трисетгодишна кариера и петнаесет издадени албуми. Најновиот излезе пред неколку дена.

Вуууф, туп, ц’нг, так-так

Некои спортски звуци се незаменливи: оној ритмичниот на пинг-понг топчињата, електронскиот сигнал пред почетокот на пливачките трки. За тие да бидат јасни и гласни си има занимање - официјален тонец на Олимпијадата.