Таг: аталанта бергамо

Македонецот од Шведска кој важи за бисер на Аталанта

Дејан Кулушевски е роден на 25 април 2000-та година во Стокхолм. Нашата федерација имаше неколку обиди да го привлече да заигра за Македонија (му пратиле потпишан дрес од Пандев), тој во 2016-та настапи за репрезентацијата U-16, но подоцна решил да го носи дресот на Шведска.

Професорот кој ѝ помогна на Аталанта да стане толку силна

Тимот од Бергамо важи за едно од напријатните изненадувања во Топ5 лигите во Европа во последните пар сезони. Успехот се должи и благодарение на еден симпатичен Данец кој работи од сенка и кој му препишувал диети на Зидан во Јувентус.

Занимливи факти по дебаклот на Јувентус во Бергамо

Ниту ревносен следбеник на италијанскиот фудбал веќе не може да запамети колку титули и купови освои „Старата дама“ во последните 7-8 години. Сезонава ќе се борат за Лига на шампиони и Скудето зошто испаднаа од Купот на Италија.

Порака до Наполитанците: „Еве ви ѓубре за да се чуствувате како дома“

Поради настапите на Наполи во Лигата на шампионите (триумф од 3:1 над Црвена звезда), мечот против Аталанта во Бергамо ќе го одиграат вечерва од 20:30. Но можно е и да не се одигра ако се случи тоа што со денови се најавува.

Словенецот кој се справи со болест и одново дава голови во Италија

Два месеци словенечкиот репрезентативец поминал на антибиотици. „Тоа беше прав пекол. Сериозно размислував да ја завршам кариерата“, рекол Јосип откако му откриле бактериско заболување.

Аталанта дава подароци за новороденчиња во Бергамо

Покрај традиционалните подароци од клиниките и градските власти, новороденчињата во италијанскиот град Бергамо ќе добиваат и убави подароци од фудбалскиот клуб од овој град.

Џиџи Буфон брани пенали и на 40 години

Најдобриот италијански голман на сите времиња пред два дена прослави 40-ти роденден, а вечерва се врати на терен после повредата и одбрани пенал на гостувањето во Бергамо против Аталанта. Јувентус славеше 0-1 со голот на Игуаин во 2’ минута и 29’ секунда, а Џиџи му фати пенал на Алехандро Гомез во 25’ минута, по прегледувањето на ВАР. Буфон и во 88’ минута одбрани неверојатно по шутот на Петања. Реваншот од полуфиналето на Купот се игра на 28 февруари во Торино.

Круша под круша паѓа

Бергамашите го направија најголемото изненадување во досегашниот тек од Купот на Италија и после 22 години се пласираа во полуфиналето каде ќе го чекаат подобриот од мечот Јувентус - Торино. Аталанта славеше 1:2 а вториот гол го даде Папу Гомез чијшто син знаеше како тато ќе го слави голот.

Бергамо ги пречека хероите од Неапол

Со головите на Кастање и Папу Гомез, најголемото изненадување во Италија сезонава го направи неочекуваното и го исфрли Наполи од Купот сред „Сан Паоло“. Наградата стигна доцна вечерта од своите навивачи дома. Аталанта се пласираше во полуфиналето на Копа Италија после цели 22 години.

Како Папу од Аталанта спрема испит

Најхаризматичниот играч во Серија А сезонава откако направи мега-хит кој стана светски популарен, реши да се посвети на читање книги и учење.

Како капитенот на Аталанта со танц го покори YouTube

Од чиста заебанција снимиле песна и спот која стана најголем хит во латинска Америка и Италија. Феноменалниот Аргентинец кој игра за репрезентацијата на својата земја танцува заразно.

Го победуваш Наполи и те чека цел град на аеродром

Со два гола на централниот дефанзивец Матја Калдара, Аталанта оствари историска победа над Наполи на гости и се приближи само на три бода од местото кое води во Лига на шампионите. Илјадници тифози на клубот дојдоа на аеродромот да ги пречекаат јунаците.

Уругвајскиот борец и колекционер на црвени картони

„Слушав многу за тебе. Дека си бил фајтер како мене. Ако е така, заедно ќе им влеваме повеќе страв во коски на нашите противници. Добредојде во Јувентус", биле првите зборови со кои рекордерот по бројот на црвени картони го пречекал Давидс.

Еибар, Сасуоло, Нејмеген и екипите кои нè изненадија

Како ретко кога, есенската полусезона во Европа ја одбележаа тимови за кои кладилничарите предвидуваа грчевита борба за опстанок. Од Инголштад и Вотфорд, до Ростов и Еибар еве ги најпријатните изненадувања оваа есен.

Артим Шаќири од Аталанта

Фудбалерите на Аталанта од Бергамо попладнево со 3:0 го совладаа Карпи, а вториот гол кој го постигна Алехандро Гомез нè потсети на погодокот на Шаќири против Англија во Саутемптон.