Таг: антоан гризман

Сите голови од Светското на едно место

На Светското првенство паднаа 169 погодоци на 64 натпревари или во просек по 2,64 гола по натпревар. Во Москва се одигра и најефикасното финале од 1966 година (финалето тогаш завршило 4-2 но после продолженија).

Зошто Гризман носеше знаме на Уругвај на прес-конференцијата?

Франција ја совлада Хрватска со 4:2 и стана светски шампион, а напаѓачот на Французите Антоан Гризман после мечот на прес се нагрна со уругвајско знаме кое му го даде новинар од оваа земја.

Погба, Гризман и Умтити влегоа во мексикански филм

Не требаат камери за да видиме како играчите откачуваат во соблекувална откако ќе го освојат највредниот пехар во фудбалот. Со снимките од нивните телефони сè имаме на тацна. Погба на шоља не седнува без мобилниот и ја снима секоја заебанција во соблекувална. 

Француско фудбалско фото на летото

Еднаш губиш и паѓаш, друг пат добиваш и славиш. Колку фудбалот е променлив покажува фотографијата на која ги гледаме Гризман и голманот Лори на Европското 2016 и на Светското 2018.

Што ќе гледаме денес на Светското?

Четврфиналната програма започнува со дуелот Франција - Уругвај. Победникот од овој меч во полуфинале оди на подобриот од Бразил - Белгија. Отсутни повредениот Кавани и „пожолтените“ Каземиро и Матуиди.

Како шпански новинар му постави прашање на Гризман на француски

Новинаров или отишол на прес конференција да се глупира или да се прави интересен со сила. Можеше фино лепо да го праша Гризман на јазикот што го зборува па да го чека одговорот од преведувач, ама не он со гугл транслејт ќе пробува преку мобилен и на крај остана без одговор.

Времето кога Гризман трчаше по автограми од Французите

Франција одбележува 20 години од првиот и единствен златен пехар на Светските првенства. За Гризман тоа се само детски спомени од тоа како на 7 години чекал автограм од Бартез, Зидан и компанија. Сега неговата желба и обврска е да се бори по истиот трофеј кој го дофатиле оние кои некогаш му биле идоли.

Џентлменскиот гест на Симеоне и Годин за Гризман

Последниот меч за Атлетико оваа сезона донесе измешани емоции кај навивачите на „Ванда Метрополитано“, ама кога постои људина како Чоло Симеоне одма е подруго за играчите кои се соочуваат со свирежи поради трансфер.

Гризман и Атлетико шампиони во Лига Европа!

Екипата на Диего Симеоне кој и вечерва издржуваше суспензија па беше на трибините, по трет пат ја освоија Лига Европа откако го декласираа Марсеј со 3:0 (1:0).

Малиот ѓавол се враќа во својот крај - Како Лион го одбил Гризман

Најдобриот француски напаѓач на денешницата вечерва ќе игра со својот Атлетико Мадрид во финалето на Лига Европа во градот чиј фудбалски клуб не сакал да го прими како мал дека бил слаб.

Што означува чудниот танц на Антоан Гризман после головите?

Најдобриот фудбалер на Атлетико Мадрид и воопшто еден од најдборите напаѓачи во Европа го спаси својот клуб во ужасно тешкиот меч со Арсенал на гости.

Натрапничкиот однос на Барса и кружењето околу Гризман

По случајот со Осман Дембеле кога Борусија Дортмунд разгласи дека Каталонците зад грб им го украле младиот бисер, а по суспензијата која што ја имаа од ФИФА пред неколку сезони, луѓето од „Камп Ноу“ пак се вмешани во интриги за трансфер.

Чудесија од гол на Гризман против Рома

Го критикуваат дека има голгетерски пост со недели, дека не влегува во шанси и дека не е фикасен. Францускиот репрезентативец во 69’ минута од мечот против Рома даде неверојатен гол/

Како Мурињо ја спасува сезоната на Манчестер

„За нас сезоната во Премиер е завршена, нема што да бараме“, заклучи Жозе и тргна голем товар од грбот на своите фудбалери кои сега мора да ја освојат Лига Европа за да се пласираат директно во Лига на шампиони. Ако сакаат да им дојде Гризман, секако.

Надреален гол на Гризман

Атлетико Мадрид одигра 1:1 со Депортиво на гости, а Гризман го постигна голот кандидат за погодок на сезоната во Примера. Можеби најубав гол на годината во Шпанија.

Му ја погодиле рекламата на Гризман

Најдобриот стрелец на ЕП 2016 си има свој начин на прослава на головите, а денсот откри дека го ископирал од песната Hotline Bling. Во Пума не седеле со скрстени раце и од тој момент се инспирирале да го направат ова:

Најдобриот пеналџија на светот брани за Валенсија

Кога еден голман ќе одбрани 19 пенали од 41 меѓу кои и оние изведени од Меси, Кристијано Роналдо, Гризман, Диего Коста и Фалкао тоа значи дека се работи за најдобриот пеналџија на светот во моментов. Попладнево Валенсија загуби 0:2 од Атлетико Мадрид, но јунак на средбата беше Бразилскиот голман Диего Алвеш кој фати два пенали.

БиБиСи за Гризман

Кусиот документарец е направен пред полуфиналето против Германија, а во него зборуваат брат му, негов другар од детството, новинар, колеги, а потоа го анализираа Ширер, Анри и Фердинанд. Со тоа што во рок од месец и половина стигна до финале во Лига на шампиони и Европско веќе има право да оди и да им се насмее на тие што му рекле како мал дека нема да го биде за фудбал.

Гризман против Германија на СП 2014 и ЕП 2016

Ако некој не се сеќава на Гризман на Мундијалот во Бразил, тоа е затоа што беше член на Реал Сосиедад и уште не беше многу познат. Од тогаш до сега за две сезони даде 57 гола за Атлетико Мадрид, а на Европското во својата земја е веќе херој и прв стрелец со 6 гола.