Го даде Кристијан Ериксен синоќа на големото дерби Тотенхем - Манчестер Јунајтед за 1:0, уште во 11-та секунда. Тоа е трет најбрз гол на сите времиња во Премиер лигата, а најбрз гол сезонава.
Boxing Day е посебен ден за сите љубители на фудбалот на целиот остров. Тогаш во Англија играат сите дивизии од најгорната до најдолната. Ден денес се паметат зборовите на легендарниот тренер на Ливерпул кој не им давал на играчите да пијат алкохол за празникот.
Невозможно е да се поверува но Волкот има 28 години. Како вчера да беше кога англиските топ-клубови се бореа за него додека беше средношколец, додека Nikе работеше со него на 14 години а на 17 заигра на Светско во Германија.
Во Англија пак има сензација: откако синоќа го совлада Стоук со 1:0, тимот на Барнли се искачи на 4. место на табелата и ако вчера завршеше првенството ќе беа во зоната на Лига на шампиони. Во што е тајната на малиот клуб?
Вработените во руската амбасада во Лондон истролаа еден тамошен лист којшто пишува дека Англичаните со себе на Светско ќе носат и разузнувачки тим кој би спречил евентуална шпионажа. Русиве им одговараат ’поарно да си земете фудбалски тим’ со алузија дека сегашниот не им го бива.
Рецептот за долговечност го има човекот за кој малку кој би покажал со прст а тој е секогаш на позиција, спремен да се бори додека го држи сила. Тивок, внимателен, концентриран и голем професионалец. 21 сезона!
Денеска е релативно тешко да се најде Англичанец во Премиерлигашите кога скролате по нивниот состав за време на мечот. Премиер лигата стана своевиден географски атлас со играчи од сите страни на светот. Цели 18 години немало меч само со Англичани во составот.
Во битката за пласман во повисок ранг, петтолигашот Форест Грин веќе извојува неколку победи од кои една е најважна: Почетокот на изградба на дрвен стадион, во склад со нивното веганство.
Веќе одамна правиот англиски фудбал со пеколна атмосфера не се игра во Премиер каде играта е за богатите и за туристи од Јапонија, Кина и Арабија кои јадат фиш ен’ чипс и се сликаат за Инстаграм. Права тензија има во пониските лиги, а најголема има во Вимблдон. Зошто?