- Дали знаевте дека една битолчанка завршила фармација на Универзитетот во Лозана во далечната 1906-та?
- Низ перото на авторката на романот „Сагата за Рајна“ ја гледаме како до доцна во ноќта одржува ред помеѓу порцеланските авани, аптекарските ваги и мензури. Со одмерени движења, без брзање, работи на нов рецепт и го запишува во својот дневник. Мадам Рајна Алексова, Македонка, чиј живот е и хроника на турбулентата историја на Балканот, полн трагедии, но и со револуционерни подвизи како нејзиниот.