ПИН е спакуван!

Единствената меѓународна музичка конференција во Македонија која во пандемиските години правеше сулуди потфати со 13 часовна онлајн програма, годинава е аналогна, жива и екстремно накрцкана со занимливи настани (кои немаат врска со НАТО), дискусии (кои немаат врска со Бугарите во устав), гости (кои немаат врска со ОБСЕ) и свирки (кои немаат врска со Дино Мерлин).   

Претходните години ПИН конференцијата имаше гости од Гластонбери, Зигет, Роскилде, Егзит, Лолапалуза... претставници на Саундклауд, МТВ Адра, Далас Рекордс, Менарт.... и музички професионалци и креативци од цела Европа. 

Кој годинава доаѓа на панелите на ПИН откријте овде.

Ако е тоа многу, чекајте тек да го видите музичкото мени - овде.

Спојлер: 50!

Топлo препорачуваме да не ја пропуштите онаа убавата црнка која пред некоја година беше номинирана за најдоброто од ворлд музиката, оверете заради што на оние Словенците им се случува Битлсоманија и особено уживајте во дамнешната миленичка на овој сајт, Маика Маиковски:

**************

Како Македонија можеше да звучи

Можеше да звучи да си го кажеме ние нашето фабричко и приморидијално „леле“ а тоа да го разберат и други освен нас. Многу поубаво тоа ќе ви го покаже Маика Маковски (1983 година) девојка во чија плетка има македонски и андалузиски конци.

* повеќе

***************

Раде Шербеџија: Добредојдовте во Македонија

****************

24 ноември 2023 - 16:49