Во врска со најновите предлог измени во Законот за пасишта, со кои се предвидува да се наплаќа пашарина за пчелите, имаме потреба за повторно да ја нагласиме важноста за пчелите за севкупното општество и биодиверзитет.
1. Пчелите опрашуваат 80% од растенијата со 100% ефикасност.
2. Едно пчелно семејство може да опраши 300 милиони цветови дневно.
3. Пчелите овозможуваат да се зачуваат живеалиштата на останатите инсекти, птици и дивиот свет.
4. Пчелите се главни “ виновници” за живописната околина и разнобојните цветни пејсажи.
5. Се проценува дека опрашувачите, вклучувајќи ги медоносните пчели, бумбари и дивите пчели, придонесуваат најмалку 22 милијарди евра секоја година во европската земјоделска индустрија, односно 150 милијарди евра на глобално ниво.
6. Во САД се плаќа (на пчеларите) во просек 220 долари по пчелно семејство за опрашување на познатите калифорниски бадеми. Потребни се околу две колонии на хектар за да се опрашат 1,2 милиони хектари бадеми. Тоа се околу 2,5 милиони пчелни колонии од целата земја.
7. Во Кина како последица на драстично намалување на пчелните семејства (пчелари) во природата, фармерите се принудени рачно да вршат опрашување на своите земјоделски култури - фармерите и нивните деца треба да се искачуваат на гранките вооружени со четки за индивидуално опрашување на секој цвет.
Затоа, редно е било која Влада па и македонската, во прв ред да го стави интересот на заштитата на биодиверзитетот, развојот на животната средина и производството на храна пред било која предвидена такса или давачка.
Помошта од медиумите е неопходна за едукација на државните чиновници од било кое ниво и пошироката популација за важноста на медоносната пчела во севкупниот живот на човекот и планетата земја.
Само заедно ќе успееме во борбата за спречување на намалувањето на бројот на пчелите.
Macedonian honey,
Европски стартап победник во категоријата климатски промени