Потребни состојки:
- лиснато тесто
- кашкавал
- брокула
- павлака
- лут сос (опционално)
Не знам зошто не ми текнало ова до сега. Можеби требаше да ги посетам офнетовци за Трендо и Јурук да ми кажат "Не си правела до сега вака?!" и да се фатам за работа. Се спомнуваа многу варијанти, а јас се одлучив да направам моја, малце полесна на вкус од нивната. Направив две, една солена и една блага. Денес во ова сезона на лиснато ќе ја гледате пилот верзијата "Брок енд чиз" и воедно една од најомилените на Трендо. Многу љуби брокула човекот па морав нешто да направам! хехе!
Чекори за подготовка:
- Уклучете ја рерната на 200 степени (опција горе-доле). Почекајте да се загрее и во исто време почекајте да се одмрзне лиснатото. Треба да биде во состојба за расукување т.е меко. На работната површина од вашата кујна фрлете малку брашно. Ставете го тестото и исечете му ги краевите.
- Расукајте ги сите делови посебно по должина. И направете еден граничник со краевите. (многу лошо се изразив ама не знам како да ви објаснам, па затоа еве слика)
- Тестото ставете го во тава за печење и наполнете го со кашкавал.
- Земете ги брокулите, јас го правев со смрзнати, ставете ги во тава со путерче, маслиново и лукче и прoпржете ги.
- Не знам зошто ми се сликиве наопаку, брокулата ставете ја врз кашкавалот и ставете ја во веќе загреаната рерна.
- Печете околу 30 мин или додека тестото не ја добие онаа златна боја.
- Исечете парче, ставете топка павлака на страна и полeјте ја со лут сос, доколку сте љубители на истиот. Брзо, лесно и мнооогу вкусно. Уживајте!!!