
Се работи за црна комедија во која главниот лик по неуспешниот обид да ја обнови својата сообраќајна дозвола тргнува на пат и запаѓа во серија на проблеми. Филмот се снимаше 6 дена на повеќе локации во Скопје. Главната улога ја игра Сашко Коцев, а во филмот настапуваат и Мони Дамевски, Џевдет Јашари, Љупчо Тодоровски – Упа, Соња Стамболџиоска и Димитрија Доксевски.
Директор на фотографија е Наум Доксевски, сценографијата ја изработи Кирил Спасевски, костимите Розa Трајческа а маската и шминката за гланиот лик Снежана Ангеловска и Ирена Сенокозолиоска. Филмот се очекува својата премиера да ја има во првата половина на 2019.
Проектот е поддржан и финансиран од агенцијата за филм на Република Македонија.
(Комерцијален текст)